Регион
Гренел до Приштина: „Не гризете ја раката што ве храни“

Поранешниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ѝ одговори на поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај-Стубли, која упати низа обвинувања на сметка на Западот за настаните во Бањска. Гренел ѝ порача дека не е добра идеја „да ја гризе раката што ги хранела со децении“.
Гренел на социјалната мрежа Х изјави дека меѓународната заедница му порачала на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со едностраните потези, да распише избори и да формира заедница на српски општини.
„Дали го обвинувате Западот? Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении. Точно е дека меѓународната заедница му порача на Курти на 3 јуни да престане со едностраните потези, да распише избори и да ја формира заедницата. Не кажа ништо. И тоа е вистината“, рече Гренел.
Одговарајќи им на оние што го обвинуваат дека е платен од Србија, Гренел наведува дека нагласувањето лажни вести наместо политичка дебата е белег на владата на Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.
Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.
Трупот на мажот бил обезглавен.
Телото и главата се на исто место.
Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.
Регион
Пронајдено девојчето од Бeлград, потврди мајката

Пронајдена е Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград која исчезна вчера околу 13 часот, и последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ јавуваат српските медиуми. Веста дека е пронајдена за српски „Телеграф“ ја потврдила нејзината мајка.
– Да, пронајдена е, но не знаеме каде била. Работиме да дознаеме – изјави мајката за српскиот медиум.
Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.