Регион
Грк снимал голи деца на Истра, го фатило обезбедувањето
Истарската полиција ја заврши кривичната истрага против маж за кој се сомничи дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, објави „Индекс.хр“.
Имено, завчера, околу 19.30 часот, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра затекнал 55-годишен грчки државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал додека не дошла полицијата, соопшти истарската полиција.
По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон и возилото што ги користел пријавениот и нашла инкриминирачки материјал. На 12 август вечерта мажот со кривична пријава е предаден во притворското одделение на Полициската управа на Истра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Мирот и стабилноста на Балканот се приоритет за Унгарија, која претседава со ЕУ
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска во Будимпешта дека мирот и стабилноста на Балканот се приоритети за неговата земја, која во моментов претседава со Европската унија.
„Унгарија е земја претседавач со ЕУ, а мирот и стабилноста на Балканот се наш приоритет“, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.
Тој оцени дека во Европа „има лицемерие, бидејќи еден дел од земјите-членки застапуваат различни ставови, имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан во просек чекаат 14 години за членство во ЕУ“.
„Сметаме дека тоа е непринципиелна позиција“, потенцира Сијарто.
„Заканите со санкции или кој било друг вид притисок треба да се остават настрана“, додаде тој.
Регион
Падна првиот снег на Балканот: студениот бран над Европа се движи кон исток
Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег.
Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).
Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.
За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.
„Во Порторож во текот на летото наврнаа помалку од 100 литри дожд на метар квадратен. Значи, овие врнежи се доста големи, но ваквите врнежи не се рекордни за овој регион“, велат од Арсо.
Регион
(Видео) Драма на Кипар: млад човек се борел со брановите, силните струи не му дозволиле да исплива
Млад човек се борел за живот со брановите во Пафос, Кипар.
На Истаграм профилот на „Грчкаинфо“ се појави видео од драматични моменти во Пафос, Кипар, кое се смета за попопуларно одморалиште.
Силните струи не му дозволиле на младиот човек да исплива и го фатиле големи бранови.
„Црвеното знаме укажува на услови на висока опасност кои претставуваат голем ризик за посетителите. Ова знаме предупредува на немирно море, големи бранови, силни струи или други опасни ситуации во морето. Кога црвеното знаме ќе се подигне, предупредувањето треба да се сфати сериозно а посетителите треба да се воздржат од пливање за да се спречат сериозни последици“.
„Кога има големи бранови – не влегувајте во море! А згора на сето тоа кога на плажата е истакнато црвено знаме – потребно ли е нешто друго за да се разбере дека животот може да биде загрозен за дел од секундата?! “, стои во објавата.