Контакт

Регион

Грците најавуваат протести на местото на кое ќе се потпишува договорот за името

Објавено пред

Грците кои не се согласуваат со договорот за името најавија протести на местото и во времето кога треба да биде потпишан договорот, незавино дали тоа ќе се случува во Преспа како што објавија медиумите, или на некое друго место, пишува грчкиот информативен портал „Грик рипортер“.

Организаторите велат дека на денот на потпишувањето ќе соберат демонстранти од цела Грција.

„Сите ќе одиме во Преспа ако треба. Нема да допуштиме судбината да се реши без да се слушне народот“, изјави Гиоргиос Тациос, еден од организаторите на протестите, за грчкиот телевизиски канал „Скај“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Косово тврди дека Србија лаже: Либерија не го повлекла признавањето на Косово

Објавено пред

Од

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли тврди дека Либерија не го повлекла признавањето на Косово и дека српските медиуми ширеле лажни вести.

Тој тоа го напиша на својот профил на „Твитер“, кога шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека Либерија се повлекува од признавањето на косовската независност.

„Штотуку разговарав со владата на Либерија и ми потврдија дека не го повлекле признавањето на косовската независност. Вестите и нотата што ја шират српските медиуми се лажни и се дел од обидот на министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, да шири лажни вести“, рече Пацоли.

Претходно, на прес-конференција Дачиќ им достави на новинарите копија од нотата на либериското министерство за повлекувањето на признанието.

Прикажи повеќе...

Регион

Либерија го повлече признавањето на Косово

Објавено пред

Од

Либерија е уште една од земјите кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово.

Министерот за надворешни работи на Либерија, Гбезонгар Милтон Финдлеј, му предаде денеска на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, нота за повлекување на признавањето на независноста на Косово, додека трае дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во нотата се наведува дека Либерија ја признала косовската независност, на основа на сознанијата дека Белград не е подготвен да преговара за решение на јужната покраина Косово.

Дачиќ наведе дека одлуката на Либерија е многу важна за Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

Над 350 Косовци војувале за ИСИС во период од четири години

Објавено пред

Од

Петмина припадници на ИД од Косово кои војувале во Ирак и Сирија изадржуваат казна затвор во Косово. Ова го изјави Лулзим Фуштица – кординатор во кабинетот на косовскиот премиер, кој додаде дека на воениите полиња во Сирија се уште има косовски државјани.

Приштинскиот весник „Зери“ кој се повикува на изјавата на Фуштица нагласува дека во периодот од 2о12 – 2о16 година во Сирија и Ирак имало 359 Косовци од кои 255 мажи кои војувале на страна на ИСИС како и 49 жени и 55 деца. Од нив, 74-ца загинеле во војните,  додека 133 лица биле вратени во Косово. На воените полиња има 195 Косовци, нагласува кординаторот на кабинетот на косовскиот премиер.

Коментирајки ја состојбата на повратниците од војната во Сирија и Ирак, Фуштица оценува дека повеќето од населението не ги прима добро. Сепак според него, тие треба да се интеграраат во општсетството, со цел да не создаваат проблеми.

К.М.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија56 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести2 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија16 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие