Европа
Грција ги ублажува ковид-мерките: Рестораните, кината, театрите ќе работат со полн капацитет

Рестораните, кината и театрите во Грција ќе работат со полн капацитет од сабота, објави денеска порталот Катимерини, повикувајќи се на извори од грчката влада.
Лицата кои се ревакцинирани против Ковид-19 ќе можат да влегуваат во рестораните, а се очекува владата денеска да издаде соопштение за да ги појасни овие правила.
Другите мерки што ќе стапат на сила ќе значат крај на строгите антиковид мерки во области каде што присуството на коронавирус е високо, но според грчките медиуми, ќе следи и понатамошно ублажување на здравствените мерки во кафулињата и ноќните клубови само за ревакцинираните.
Во областите на Грција каде што беше воведен полицискиот час и забраната за музика преку ноќ, исто така следеше ублажување на мерките така што граѓаните од тие места, вакцинирани или не, ќе треба да носат само маски и да држат социјална дистанца, пренесуваат грчките портали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Папата Франциско во болница? „Анса“: Примен е на преглед

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска е примен на преглед во болницата Гемели во Рим.
Агенцијата „Анса“ наведува дека информацијата е добиена од извор запознаен со настаните во Ватикан, пренесува Ројтерс.
Засега никој од Ватикан официјално не ја потврди веста што ја пренесе италијанската агенција.
Папата на крајот на мај имаше треска, поради што не примаше посети, но не се соопштуваат други детали за неговата здравствена состојба.
Европа
(Видео) Времето истекува, а паниката никогаш поголема: Русите и Украинците имаат неколку часа за евакуација

Браната „Каховка“ на реката Днепар, која се наоѓа на југот на Украина во близина на градот Херсон, е уништена рано утринава, а водата неконтролирано се излева во околните места.
Украина прво објави дека Русите, кои ја контролираат областа Нова Каховка, каде што се наоѓа уништената брана, самите ја минирале областа и довеле до катастрофа.
Руските власти првично негираа дека браната е гранатирана, а потоа за истото ја обвинија Украина.
BREAKING: Video shows the Kakhovka hydro-electric dam in southern Ukraine has been destroyed pic.twitter.com/DePGbQUHRD
— BNO News (@BNONews) June 6, 2023
Додека стигнуваат меѓусебни обвинувања, десетици илјади луѓе се изложени на ризик поради излевањето на водата што веќе достигна ниво од десет метри и се заканува да поплави делови од самиот Херсон.
Локалните власти се во трка со времето, пренесуваат медиумите.
#Russia blew up the dams of the #Kakhovka hydroelectric power plant. The purpose is obvious: to create insurmountable obstacles on the way of the advancing #AFU; to intercept the information initiative; to slow down the fair final of the war. On a vast territory, all life will be… pic.twitter.com/rFpkDbjyhj
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 6, 2023
Хидроцентралата Нова Каховка во Украина, која е под контрола на руските сили, сега е целосно уништена поради минирањето на браната Каховка, а некои украински власти објавија драматични снимки од областа.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави најновото видео од реката Днепар каде се наоѓала браната Каховка. Тоа покажува како нивото на водата забрзано се зголемува и како хидроцентралата Нова Каховка е целосно потопена од надојдената вода на реката Днепар.
Европа
Триесет уапсени за обид за државен удар во Киргистан

Повеќе од 30 лица обвинети за заговор за државен удар се уапсени во Киргистан, објави службата за национална безбедност во вторникот, пренесува Радио Слободна Европа.
Неколку извори од киргистанските тела за спроведување на законот изјавиле за РСЕ дека уапсените се осомничени оти наводно се подготвувале да ја преземат власта.
Од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, оваа сиромашна централноазиска земја со врски со Русија и Кина беше сведок на тројца претседатели, кои поднесоа оставки поради политички кризи поттикнати од корупцијата, непотизмот и спорните избори.
Киргистанската Агенција за државна безбедност (ГКНБ) соопшти дека разбила група луѓе што планирале да организираат немири со цел насилно да ја преземат власта.
The State Committee for National Security of Kyrgyzstan published a video with the detention of suspects in the preparation of a coup d’état. pic.twitter.com/G5ljbPJAdc
— UkraineMaps 🇺🇬 (@MapsUkraine) June 6, 2023
Во моментот во затвор се десетина политичари и активисти поради обид за преземање на власта. Тие беа уапсени во октомври минатата година додека го изразуваа својот протест против трансферот на земјиштето на акумулацијата „Кемпир-Абад“ на киргистанско-узбекската граница на Узбекистан.
Уапсените тврдат дека се прогонувани затоа што ја критикувале власта. Претседателот Садир Јапаров, пак, вели дека затворениците не може да најдат никаков друг изговор за обидот за државен удар, па го користат како изговор прашањето за „Кемпир-Абад“.
Голем број големи меѓународни организации, вклучително и УНХЦР, ги повикаа киргистанските власти праведно да го истражат овој случај.
In Kyrgyzstan at our 2nd Central Asia Leaders’ meeting with one clear message:
The🇪🇺 is strongly committed to your region & we want to deepen our cooperation. To make our regions safer, more connected & more prosperous for our people.
The🇪🇺 is a reliable partner for the long haul pic.twitter.com/U6TlX1hVTm— Charles Michel (@CharlesMichel) June 2, 2023
Апсењата доаѓаат само неколку дена по посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Киргистан. За време на срдбата, Јапаров вети подготвеност да соработува со Европската Унија.
Во петокот Киргистан беше домаќин на вториот самит на лидерите на Централна Азија и ЕУ.
„Европската Унија бара искрено партнерство со земјите од централна Азија. Им нудиме искрено партнерство на петте поранешни советски републики во регионот“, изјави Мишел на маргините на самитот додавајќи дека ЕУ ќе биде угледен партнер кој создава доверба.