Регион
Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.
Јачината на земјотресот била 4,2 степени иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.
Засега нема информации дали има штети или повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска се појави чешкиoт вид на коронавирус

Институтот „Руѓер Бошковиќ“ потврди дека, покрај бразилскиот, њујоршкиот, британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирус, во Хрватска се појавил и чешкиот.
Кристијан Влаховишек, професор по компјутерска биологија на Факултетот за науки во Загреб, го потврди тоа за порталот ХРТ.
Тој рече дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава, и во соработка со проф. Вранеш од НЗЈЗ „Д-р Андрија Штампар“ го изолирале чешкиот сој кај 20 проценти од примероците.
„Чешкиот сој е комбинација на мутации од шкотска и британска варијанта на коронавирус. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација во САРС-CoV-2 виру “, рече проф. Влаховишек.
Тој нагласува дека не се знае многу за заразноста на чешкиот вид, но дека во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие варијанти на вирусот и да се следат и веднаш да се изолираат заразените лица, пред тие да се прошират во населението.
Регион
Српското МВР ги предупреди родителите да ги следат децата на социјалните мрежи поради најава за масовно самоубиство

Министерството за внатрешни работи на Србија проверува потенцијално опасна содржина за деца и млади на одредени социјални мрежи и апелира до родителите да ги следат активностите на нивните деца на тие мрежи, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи наведува дека било информирано за информациите кои кружат на една социјална мрежа, а кои се однесуваат на групно самоубиство на млади луѓе и дека тие ја проверуваат валидноста на тие предупредувања на територијата на Србија.
Претходно Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги предупреди родителите да обрнат внимание на содржината што нивните деца ја следат на социјалните мрежи, откако полицијата доби известување од Интерпол дека на ТикТок се споделува содржина со потенцијално опасни последици за младите.
Предупредувањето се однесува пред се на локалната група „ТикТок“ во Русија, но Министерството за внатрешни работи на РС соопшти дека е потребна максимална претпазливост за да се спречат какви било негативни последици.
Регион
Светската банка: Црна Гора на работ на бездната

Светската банка проценува дека црногорската економија ќе доживее најголема рецесија во Западен Балкан оваа година, со рекорден јавен долг од речиси 100 % од домашниот бруто-производ.
Ваквата прогноза главно се должи на високата зависност на земјата од туризмот.
Светската банка исто така процени дека веќе и онака високото ниво на јавен долг ќе достигне врв од 98 % од БДП во текот на 2021 година, а изградбата на втората делница од автопатот Бар – Боjаре би претставувала голем ризик за неговата одржливост.
Економското закрепнување ќе зависи од туризмот, но пандемијата на коронавирусот претставува сериозен ризик затоа што, доколку биде присутен и ова лето, тоа повторно ќе има негативни последици за туристичката сезона, предупредуваaт експертите.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер