Контакт

Регион

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Објавено пред

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што не ја примиле ниту првата доза од вакцината против Ковид-19, пренесуваат медиумите во регионот.

Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од новиот ковид бран и кога се зголемува бројката на новозаразени случаи со коронавирус, објави „Ројтерс“.

Мерката ќе стапи во сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лицата што не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.

Регион

Во Словенија 36 луѓе, наместо вакцина против Ковид-19, примиле физиолошки раствор

Објавено пред

Во еден здравствен дом во Словенија е направена ненамерна грешка при вакцинацијата против Ковид-19 кога некои лица, наместо вакцината на „Фајзер“ за која аплицирале, добиле само физиолошки раствор.

Грешката се случила во петокот во здравствениот дом во градот Шенџур, каде што од 126 лица што дошле на вакцинација, 36 добиле физиолошки раствор, кој мора да се измеша со вакцината на „Фајзер“.

Веднаш по инцидентот, здравствениот персонал во домот забележал дека настанала збунетост и се извиниле за ненамерната грешка, која луѓето ја прифатиле со разбирање, па биле вакцинирани со вистинските дози од вакцината во следните два дена, пренесува „Хина“.

За сѐ е информиран Националниот институт за јавно здравје, а директорот на здравствениот дом за „Словенечко радио“ изјавил дека ненамерната грешка, најверојатно, е поради преоптовареност на персоналот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Несреќа во Бугарија: автобус со патници од Косово излета од патот, повредени 29 луѓе, меѓу кои има и деца

Објавено пред

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се превезувале се судрил со камион во градот Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион, кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на патот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот добил полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на самото место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода, поведена е постапка и за неа е известен обвинител.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов црн рекорд во Словенија – 8.681 новозаразено лице

Објавено пред

Во Словенија денеска е потврден рекорден брод на заразени од коронавирус. Од 13.803 направени теста, позитивни биле 8.681 лице.

Словенечката влада воведе нови мерки за патниците и ја скрати домашната изолација од десет на седум дена, а премиерот Јанез Јанша рече дека е можно да се излезе од овој бран без нови драстични мерки и ограничувања, но само доколку сите се придржуваат до оние што сега се во сила, дури и да се зголеми опфатот со вакцинација на населението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија39 минути

Горан Милевски без одлука во ЛДП се предложил за министер

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, самиот, без согласност и партиска одлука, се предложил за министер во Владата, што покрена иницијатива...

Македонија47 минути

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Регион2 часа

(Видео) Несреќа во Бугарија: автобус со патници од Косово излета од патот, повредени 29 луѓе, меѓу кои има и деца

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се...

Македонија4 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија5 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа5 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија8 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет8 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија9 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија18 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија21 час

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие