Регион
Грција: 1.747 новоинфицирани, починаа уште 121 заразен со Ковид-19

Во Грција, коронавирусот е потврден кај уште 1.747 лица, додека 121 пациент починале како резултат на болеста, пренесува агенцијата АНА.
Во моментов има 606 пациенти на апарати за дишење.Меѓу новите случаи, двајца се потврдени на граничните премини.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 103.034 случаи на Ковид-19, а досега починале 2.223 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Виролог: Вакцинирани лица можат да го шират коронавирусот

Вирологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Кралево, Миланко Шеклер, изјави дека вакцинираните против коронавирус можат да ја шират заразата, но додаде дека тоа е случај со секоја вакцина.
„Вакцинираните лица можат да го шират вирусот, но тоа не е специфичноста на оваа вакцина – се однесува на сите вакцини. Сите сме вакцинирани против туберкулоза, но сите амбуланти се полни“, изјави Шеклер за ТВ Прва.
Тој посочи дека ниту една вакцина не штити 100 проценти од инфекцијата, но дека вакцинираните лица имаат помали шанси да се заразат, а кога тоа ќе се случи, инфекцијата е лесна.
На прашањето дали можат да се вакцинираат лица алергични на пеницилин, Шеклер одговори дека треба, бидејќи, како што додаде, кај вакцините против коронавирус регистрирани во Србија, алергијата на пеницилин не е контраиндикација.
„На вакцините е напишано дека е можна контраиндикација кај луѓе кои имале алергии на вакцината или на некоја состојка од неа, но не и на пеницилин“, потенцира тој.
Регион
Србија втора во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители

Досега, 375.320 граѓани биле вакцинирани против коронавирус во Србија.
Србија сега е втора земја во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, пишува „Танјуг“.
Велика Британија е на првото место, а по неа следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.
Кога станува збор за регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Според вкупниот број на вакцинирани во регионот, Романија е прва, со 570.704 вакцинирани лица.
Регион
Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00:28 часот во областа Петриња. Хрватската сеизмолошка служба објави дека интензитетот во епицентарот бил III-IV степен од скалата ЕМС.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил помеѓу Петриња и Сисак. Посетителите на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван во Мошченица, пренесува порталот Индекс.хр.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома