Контакт

Регион

Грчките метеоролози со вонредно предупредување за опасност од ново невреме

Објавено пред

Постои опасност Грција да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, а на некои места и град, силен ветер и бура, предупреди тамошната метеоролошка служба во вонредно известување.

Метеоролозите соопштуваат дека во попладневните часови постои можност невремето да ги зафати Јонското Море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата.

Во деловите каде што се најавува невремето, на готовс за брза интервенција се пожарникари со службени возила, а дополнително известени се и сите надлежни државни служби.

Регион

Гори хемиска фабрика во Истанбул

Објавено пред

Голем пожар избувна во хемиска фабрика во индустриската зона Тузла во Истанбул, а засега нема информации за повредени, пренесуваат турските медиуми.

Причината за пожарот не е позната. Објавени се снимки на кои се гледаат огромни густи облаци чад.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи, кои се обидуваат да го изгаснат огнот од три страни, но засега тој не може да биде ставен под контрола.

Прикажи повеќе...

Регион

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Објавено пред

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч со 11 килограми хероин. Според косовските медиуми, дрогата е пронајдена во неговиот автомобил за време на контролата на граничната полиција. Како што наведуваат медиумите, граничната полиција, користејќи кучиња за откривање дрога, успеала да ги пронајде наркотичките супстанци сокриени во автомобилот.

За време на деталната проверка на автомобилот, на местото каде што се наоѓала резервната гума полицијата пронашла 25 пакети хероин со тежина од 11 килограми. Возилото било преправано во Косово, каде што му бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума.Уапсениот со ова возило вчера тргнал од Косово, а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија.

Прикажи повеќе...

Регион

Лидерот на Самоопределување: Косовската химна е чудна, а знамето грешка

Објавено пред

Химната на Косово се вика „Европа“ и нема текст, а знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска, изјави лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на „Т7“, посветена на изборите.

Зборувајќи за прашањето на знамето, симболите и химната на Република Косово, Курси истакна дека како премиер е природно да ги почитува тие симболи, пренесува „Косев“.

„Не заборавајте дека химната се вика Европа и дека нема текст. Тоа е чудно. Се разбира, јас сум за тоа да се додаде текст во оваа химна, но тоа мора да се направи во согласност со нашиот устав,“ рече Курти.

„Како премиер, се разбира, дека ќе ги почитувам, но би требало да имате на ум дека јас сум лидер на Самооопределување и ги претставувам и оние вредности што се големи за нас. Не е химна на Албанија туку на сите Албанци. Знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска. Знаеме дека беше грешка, но сега можеме само да го признаеме тоа,“ посочи тој.

Во истата емисија Курти зборуваше и за обединување со Албанија тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи, но додаде дека тоа денес е невозможно.

„Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанија“, наведе тој и додаде дека партиите, пред сè, се фокусирани на опстанок на државата Косово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Ексминистерот за правда, Беџети одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија2 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија3 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ3 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет4 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет6 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет6 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет17 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт18 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион19 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија20 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија22 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие