Регион
Грчки лекари интубираат ковид-пациенти надвор од единицата за интензивна нега: како да сме во војна

Властите во Грција се обидуваат да го спречат ширењето на коронавирусот, а локалните медиуми наведуваат дека медицинските капацитети се полни, така, на пример, болниците во Атика, според нивната процена, деновиве живеат како да се во воена состојба.
Во болницата „Генимата“ веќе нема слободни кревети на одделот за интензивна нега, но затоа надвор од тоа одделение биле интубирани од осум до 10 пациенти во сериозна состојба, наведува порталот „Флеш“.
Директорот за радиологија во таа болница, Спирос Антонопулос, опиша како изгледала последната смена во најголемата болница во Грција.
„Нема слободен кревет на одделот за интензивна нега, ниту на ковид-одделот. Имаме меѓу осум и 10 пациенти што чекаат да им се ослободи кревет“, рече Антонопулос.
Тој посочи дека состојбата во Атика е толку тешка што последниве денови лекарите се принудени да изберат кои пациенти ќе бидат примени на одделот за интензивна нега.
„Последните три смени беа многу тешки, прифаќаме 60 пациенти на смена. Јас сум во оваа болница 30 години и никогаш не сум почувствувал вакви услови како да сме во војна“, објаснува Антонопулос.
Според последните податоци, повеќе од 223.000 луѓе биле заразени од коронавирус, а 7.196 лица починале од последиците на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана, Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и на експертската помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.
Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во многубројни области.
„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и на експертската помош на Словенија“, се вели во соопштението од црногорските власти.
Истовремено, биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.
Регион
Мицотакис: Се предвидува Грција да се отвори за туристи на 15 мај

Грција треба да биде отворена за туристи од 15 мај, потврди денеска премиерот Кирјакос Мицотакис велејќи дека пандемијата на коронавирусот покажува знаци на стабилизација за што придонело и воведувањето на вакцините.
„Вакцините, самотестирањето и подобреното време нè уверуваат дека оваа авантура без преседан е при крај“, рече Мицотакис во специјалното телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, премиерот додаде дека стапката на новозаразени случаи со коронавирус сè уште е висока и дека луѓето не треба да патуваат за време на велигденскиот викенд, кој почнува на 30 април.
„Реков дека нашата цел е безбеден Велигден и бесплатно лето“, повтори Мицотакис.
Тој додаде дека рестораните би требало да се отворат од 3 мај, а училиштата од 10 мај.
Владата овој месец почна со масовна поделба на бесплатни комплети за тестирање дома за да ги отвори средните училишта и некои услуги бидејќи сака да ја контролира ситуацијата со Ковид-19 доволно пред почетокот на туристичката сезона, односно од 15 мај.
Здравствените власти пријавија 3.015 нови случаи на Ковид-19 и 86 смртни случаи денеска.
Регион
Пукање во Албанија – едно лице убиено, две ранети, медиумите го поврзуваат со предизборието

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во Елбасан, што албанските медиуми го поврзаа со обид за купување гласови.
Пукањето се случува само неколку дена пред парламентарните избори во земјата, анализираат медиумите.
Локалниот социјалист Пјер Јувани бил застрелан, а ранет бил неговиот зет и полицаец, кои случајно се нашле на местото на конфронтацијата, пренесуваат албанските медиуми.
Полицијата го идентификувала напаѓачот, кој веднаш потоа се предал.
Арбер Пиплеска, кој е поранешен припадник на специјалните единици на албанската полиција и наводно локален функционер на Демократската партија, рекол дека пукал во самоодбрана.
Наводниот мотив за пукотниците е купување гласови пред парламентарните избори, кои се одржуваат в недела, пишуваат албанските медиуми.
Според написите, непосредно пред пукањето претставниците на демократите се пожалиле дека во Елбасан кружат возила без регистарски ознаки, од кои тие им нуделе пари на граѓаните во замена за гласови на изборите.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?