Регион
Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

За случајот со масовното убиство во српското училиште „Владислав Рибникар“ во Обвинителстото ќе биде сослушан клучниот сведок – дадилката, пишува српскиот портал „Телеграф“.
За време на распитот во полиција, мајката на 13-годишниот Коста, меѓу другото, изјави дека дадилката поминувала време со момчето и се грижела за него.
„Истрагата смета дека преку нејзиниот распит ќе ѝ бидат познати многу дополнителни детали од животот на момчето, но најважно е од дадилката да се дознае каков навистина бил односот на мајката и таткото со Коста и обратно. Таа жена порано го чувала К. К., но и сестра му“, вели извор од истрагата за „Телеграф“.
Во текот на изминатата недела Вишото јавно обвинителство во Белград почна истрага против мајката на момчето, а веќе се води кривична постапка против татко му.
Против мајката се води преткривична постапка со цел да се утврди дали во нејзиното дејство се содржани елементите на кривичното дело запуштање и малтретирање малолетно лице, а за таткото се води истрага за кривично дело тешки дела против општата безбедност.
Таткото и мајката на момчето К. К. (13) првпат јавно проговорија 22 дена по масакрот.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете што загина, како и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме. Примете го нашето сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ“.
На 3 мај 13-годишниот Коста уби 9 ученици и чуварот во училиштето, а потоа рани уште шест лица, меѓу кои и наставник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: „Пред ОН ќе ги кажам фактите и вистината, нема да им се допадне тоа“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека принципите на меѓународното јавно право и Косово и Метохија ќе бидат главни теми на говорот што утре ќе го одржи пред Обединетите нации.
Тој истакна и дека не е сигурен дека некому ќе му се допадне неговиот говор.
„Како некој што долго време се занимава со оваа работа и е ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Ќе биде по пет часот по српско време“, изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк.
Тој рече дека ќе ги каже фактите и вистината. „Верувам дека тоа нема да им се допадне на многу луѓе“, додаде тој.
Посочи и дека при изборот на факти и вистина, од една страна, и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.
„Не сум сигурен дека тоа некому ќе му се допадне поради општото лицемерство во светот. И за тоа ќе зборувам. Сите се повикуваа на принципи што постојат ако ги усвоите и ги применувате во секоја ситуација, а не тогаш кога вам ви одговара“, рече Вучиќ.
Според Вучиќ, ако територијалниот интегритет е највисок принцип во меѓународното право, тогаш како се кршат Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244.
„Тука нема принципи. Бараме и овде да важи она што се почитува во Украина, а тоа е територијалниот интегритет на Србија“, рече Вучиќ и истакна дека само за Србија се спротивни принципи.
Регион
(Видео) Во основно училиште во Белград избувна пожар, евакуирани се деца кои тренирале

Во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Видиковац вечерва околу 21 часот избувна пожар.
Многу пожарникари брзо пристигнале на местото на настанот.
Според неофицијални информации, причина за пожарот е неисправна инсталација.
View this post on Instagram
Во училиштето тогаш немало ученици, но имало деца кои тренираат и го користат училиштето, со нивни родители, а според информациите сите навреме ја напуштиле зградата.
Регион
Рускиот амбасадор во ОН се скара со Рама зошто му дозволил на Зеленски да одржи говор

Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната во Украина, се скара со рускиот амбасадор зошто прв зборувал украинскиот претседател.
Рама прво објасни дека темата е војната во Украина и оти тоа е причината, дека е така според правилата.
– Сакаме да ве прашаме – врз основа на што решивте да му дадете збор на претседателот на Украина Володимир Зеленски пред да зборуваат членовите на Советот за безбедност, од кои многумина се претставени овде на ниво на претседател и премиер?, праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.
– Морам да кажам, кога целата оваа лекција за кршење на правилата во оваа зграда доаѓа од вас, тоа навистина е импресивно. Но бидејќи неколку пати повторивте дека прекршувањето е тоа што претседателот Зеленски зборува пред да зборуваат членовите на Советот, имам решение за тоа, ако се согласувате. Вие запрете ја војната и претседателот Зеленски нема да зборува. Она што него го направи овде важен и зошто е важно прво него да го слушнеме па потоа да разговараме, за тоа сте заслужни вие, а не ние, му одговори Еди Рама.