Регион
Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е надвор од законот, изјави шефот на дипломатијата на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.
„Македонија не издаде сигнали, па со самото тоа црногорските државни органи го третираа Груевски како и секој друг граѓанин што се наоѓа во друштво на дипломати со дипломатски таблички“, рече Дармановиќ, пренесе порталот „Аналитика“.
Запрашан за коментар во врска со бегството на Груевски преку Црна Гора, Дармановиќ вели дека во периодот кога било одлучено експремиерот да побара азил во Унгарија, тој не бил на листата на Интерпол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Почна уште еден антивладин протест во Тирана

Oбединетата опозиција на Албанија се собра денеска на уште еден антивладин протест барајќи заминување на премиерот Еди Рама и распишување на вонредни парламентарни избори, објавија албанските медиуми.
Протестот почна во 10:00 часот, со палење свеќи и положување цвеќиња пред зградата на парламентот, а пораката од овој перформанс е дека парламентот е мртов.
Опозицијата ја обвини актуелната влада на Еди Рама за крадење изборни гласови, но исто така и за корупција и врски со организираниот криминал.
Опозицијата, исто така, повикува на распишување вонредни парламентарни избори.
Седницата на парламентот што требаше да се одржи денес е откажана.
Зградата на парламентот е опкружена со бодликава жица, а околу зградата се распоредени безбедносни сили.
Како што се наведува, околу зградата на парламентот и на улиците на Тирана, има повеќе од 1.500 припадници на полицајата, специјалните сили и гардата.
На антивладините протести одржани минатиот четврток дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, па во пресрет на денешниот протест апел за воздржаност упатија албанскиот претседател, Илир Мета, и Амбасадата на САД во Тирана.
Регион
Српската премиерка Ана Брнабиќ доби син

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, докторката Милица Ѓуриќ, станаа родители. Милица вчера роди син, објавија српските медиуми.
Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, бебето се вика Игор и заедно со мајката се во добра здравствена состојба.
Брнабиќ и Ѓуриќ се заедно повеќе од десет години.
Регион
Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
M5.6 #earthquake (#deprem) strikes 144 km NW of #İzmir (#Turkey) 5 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/8gPD0kTV9p
— EMSC (@LastQuake) February 20, 2019
Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа