Контакт

Регион

Дачиќ: САД не се заинтересирани да бидат дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина

Објавено пред

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека САД не се заинтересирани да бидат дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Тоа е желба на Приштина, ние не сме толку несериозни да доволиме промена во форматот на дијалогот, а во тоа да не учествува Русија, изјави Дачиќ за новинарите.

Дачиќ рече дека нема официјални иницијативи за промена на форматот на дијалогот.

Дури ни САД не го бараат тоа. Промена на форматот не е тема за која се дискутира. Ние не сме луди да се прошири формат во земјите што ја признаа независноста на Косово, но не и Русија и Кина, рече Дачиќ.

Тој додаде дека САД се подготвени да бидат домаќини на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Белград и Приштина, но не и да учествуваат во дијалогот.

„Тие се како Алиса во земјата на чудата. Тие не знаат што ги снашло. Тврдат дека ние им плаќаме за земјите да го повлечат признавањето на независноста на Косово. Ако ги имавме тие 200 или 300 милиони долари, како што тврдат, Косово ќе ја повлечеше одлуката за признавање на својата независност“, рече Дачиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Александар Вучиќ оди во Кина

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај, соопшти неговиот кабинет.

Вучиќ патува во Кина на покана на кинескиот претседател Ши Џинпинг, се вели во соопштението, според новинската агенција АА.

Во соопштението не се откриваат детали за посетата или планираните средби.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес од 5,6 степени ја потресе источна Турција: Жителите излегоа на улиците, евакуирани училишта

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,6 степени утрово ја погоди источна Турција, по што превентивно беа евакуирани училиштата, а жителите излегоа на улиците. Според првичните информации, епицентарот бил во округот Баталгази во покраината Малатија, на длабочина од седум километри. Засега нема извештаи за поголема штета или жртви, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека тлото се затресло точно во 9 часот по локално време.

Иако официјални извештаи за штета сè уште нема, телевизиските снимки прикажуваат сцени на претпазливост меѓу населението, вклучително евакуација на ученици и граѓани кои ги напуштаат своите домови и згради.

Земјотресите се честа појава во Турција бидејќи земјата се наоѓа на неколку големи раседни линии.

Во февруари 2023 година разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе повеќе од 53.000 животи во Турција и дополнителни 6.000 во соседна Сирија. Во тој земјотрес беа уништени или тешко оштетени стотици илјади згради во единаесет покраини на југот и југоистокот на земјата.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Вучевиќ: По Трамп и Путин, и Вучиќ ќе го посети Пекинг

Објавено пред

Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни.

Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси.

„Оваа посета на претседателот на Пекинг е извонредна. Ќе слушнеме сè за тоа во наредните денови, но претседателот Трамп и Путин го посетија Пекинг во претходните денови, а сега ќе слушне и претседателот Вучиќ. Ова го покажува односот меѓу претседателот Шји и Вучиќ. Очекувам дека ќе видиме некои нови инвестиции“, рече Вучевиќ, додавајќи дека очекува и добри средби со претставници на Комунистичката партија на Кина.

Според него, енергетското прашање е доминантно, а фантастична вест е што Азербејџан ќе инвестира во гасна електрана во Ниш.

„Имаме многу добри односи со Баку. Ако сакаме да ја развиваме Србија, вакви работи мора да продолжат“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт14 минути

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија23 минути

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт29 минути

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава33 минути

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...

Македонија35 минути

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот...

Забава41 минута

(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена

Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина...

Забава46 минути

(Видео) Како никогаш повеќе да не ви се појави пудра на јаката на кошулата?

Постои мал моден проблем што може да го уништи дури и најелегантниот аутфит за секунда – траги од пудра и...

Спорт52 минути

Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка

Одбројувањето до кулминацијата на сезоната започна – финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 мај,на „Пушкаш Арена“,...