Регион
Два турски борбени авиона влегоа во грчкиот воздушен простор

Турските борбени авиони „Ф-16“ влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти грчкиот Генералштаб.
Тие летаа над островот Липси околу 12.30 часот по локално време, на надморска височина од 24.000 стапки, јавува АНА.
Тие биле пресретнати од грчки борбени авиони според меѓународни стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката што словенечкиот премиер Јанез Јанша му ја пренесе на членот на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ.
Како што беше соопштено од Претседателството на БиХ, Јанша во текот на денот го повикал Џаферовиќ за да ги разјасни шпекулациите за наводниот документ што би се залагал за поделба на БиХ, но и за промена на границите на другите земји во регионот.
Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечки портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.
„Словенечкиот премиер Јанез Јанша го извести членот на Претседателството на БиХ Сефик Џаферовиќ дека нема нон-пејпер што може да биде поврзан со словенечката влада, што би вклучувало прекројување граници или кршење на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението од претседателството на БиХ.
Од таму истакнуваат дека Јанша ја пренел пораката дека Словенија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот евроатлантски пат, целосно почитувајќи го Дејтонскиот мировен договор.
Во телефонскиот разговор, Џаферовиќ рекол дека секоја приказна за етничките и територијалните поделби на Босна и Херцеговина треба да се спречи на самиот почеток и дека единствениот начин за БиХ е нејзината понатамошна внатрешна реинтеграција и евро-атлантска интеграција.
Јанша и Џаферовиќ разговарале и за претстојното претседателство на Словенија со Советот на Европската Унија, кое почнува во јули, како и претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин ќе биде Словенија и чија главна тема треба да биде забрзување на интеграцијата на регионот во Европска Унија.
Регион
Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на Балканот, тоа е неприфатливо

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на територијата на поранешна Југославија.
На заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот колега Никола Селаковиќ, Лавров рече дека идејата за „Голема Албанија“ како форма на решавање на косовскиот проблем, како и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека распадот на Југославија уште не е завршен се неприфатливи, многу штетни и провокативни.
„Разговорите за голема Албанија не се појавија денес, ние секогаш ги повикуваме нашите партнери од ЕУ и НАТО да ги пресечат таквите планови и да не дозволат да се форсира таква реторика“, рече Лавров.
„Тоа е многу опасна игра. Постои Резолуција 1244, која не е укината, а одговорните политичари, особено шефовите на владите на европските земји, немаат право да презентираат идеи што го поткопуваат самиот концепт утврден во Резолуцијата 1244″, рече Лавров.
Тој потсети дека Резолуцијата го почитува суверенитетот на Србија, како и дека статусот на Косово треба да се најде во преговорите меѓу Белград и Приштина.
„Како што рече претседателот Путин, ние ќе го поддржиме секое решение што и одговара на Србија“, рече Лавров.
На прашањето дали Вашингтон врши притисок врз Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, тој рече дека „секогаш има притисок“, но дека позицијата на Србија нема да се промени, бидејќи „никогаш нема да воведе санкции за Русија“, рече Селаковиќ
„Русија е наш стратешки партнер, наш пријател кој постојано нè поддржува“, додаде Селаковиќ, кој денес ја завршува дводневната посета на Русија.
Регион
Вучиќ најави инвестиции во „Торлак“, почнува производството на четиривалeнтна вакцина

Србија наскоро ќе произведе четиривалентна вакцина против грип, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, заедно со премиерката Ана Брнабиќ, многу министри, но и со сите професионални луѓе од областа на фармацијата и медицината, донесовме неколку важни одлуки“, рече Вуќиќ.
„Државата ќе инвестира 18 милиони евра во капацитетите за полнење и пакување на вакцини, за пакување вакцини против грип, но и тетанус, дифтерија и вакцини против Ковид-19“, најави тој.
„За нашиот ‘Торлак’, уште 20 милиони евра, за уредување на просториите и реновирање на фасадите, ќе организираме паркови и пристапни патишта. Сакаме да го направиме ‘Торлак’ една од најдобрите фабрики за вакцинирање во цела Европа”, рече претседателот на Србија.
„Која е најсреќната вест – од денес ја започнуваме процедурата, работиме на деловен план и влегуваме во процес на производство на четиривалентна вакцина против грип“, посочи тој.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш