Регион
Ден на жалост во Босна и Херцеговина поради убиството во гимназијата
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина ја донесе оваа одлука за да изрази сочувство до семејствата на жртвите. Денот на погребот на последната жртва на убиство, според Владата, е прогласен за Ден на жалост.
Сојузната влада ќе даде препорака на првиот ден од учебната година, сите основни и средни училишта во Федерацијата Босна и Херцеговина да оддадат едноминутно молчење за да им оддадат почит на жртвите.
Минатата недела вработен во гимназијата ги уби директорката, професорката по англиски јазик и секретарката во училишната зграда.
Засега не се соопштуваат мотивите за ова злосторство, а полицијата работи на расветлување на овој случај. Убиецот се обидел да се самоубие и бил префрлен и опериран во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.
Локалните власти на Сански Мост прогласија тридневна жалост која беше на сила во петок, сабота и недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.