Контакт

Регион

Дете загина по пад од 12. кат во Ниш

Објавено пред

Седумгодишно момче утрово околу 8:30 часот паднало од 12. кат на висококатница во Ниш и загинало на самото место, пренесува „Блиц“.

Според првичните информации, момчето било само дома. Официјално, не е познато под какви околности тоа паднало од балконот.

Момчето паднало на автомобил „голф“ паркиран пред зградата и починало на место.

Во моментов, органите ги утврдуваат сите околности кои довеле до трагедијата.

Според еден од соседите, мајката на момчето отишла да го однесе второто дете во градинка, која се наоѓа во близина на зградата, а малиот, најверојатно, гледал од прозорецот кога ќе се врати неговата мајка и така дошло од трагедијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Четврт случај на заразен со новиот коронавирус во Италија

Објавено пред

Италијански државјанин е позитивен на медицински анализи за новиот коронавирус.Мажот на возраст од 38 години бил примен во болница во северниот град Кодено .

Тоа ќе биде четврти случај потврден во Италија, откако двајца кинески туристи и друг Италијанец беа позитивни на анализи за вирусот.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарија дозволила прелет и рускиот „Панцир“ стигнува во Србија

Објавено пред

Бугарија му издала одобрение на рускиот авион кој ќе го донесе системот „Панцир-С1“ во Србија за прелет преку својот воздушен простор, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС.

„По одобрението од министерот за одбрана и во координација со Министерството за сообраќај, информациски технологии и комуникации, а во согласност со важечката регулаторна процедура, даден е позитивен одговор за прелет на рускиот авион, кој ќе го достави противвоздушниот ракетен комплекс „Панцир-С1“ во Србија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Регион

Албин Курти: Проектот за промена на границите пропадна, но идејата не е мртва

Објавено пред

Новоизбраниот косовски премиер, Албин Курти, вели дека проектот за размена на територии и промена на границите на косовската територија во рамките на дијалогот со Белград пропаднал, но дека таа идеја не е мртва.

Во интервју за „Зидојче цајтунг“, Курти предупредува дека поради тоа Приштина мора да биде внимателна затоа што таквите одлуки, како што вели, би ја отвориле Пандорината кутија.

Курти тврди дека не е против дијалогот со Белград, но, според него, тој процес би морал да се заснова на јасни принципи, кои се обврзувачки за двете страни.

„Србија мора да ја прифати реалноста: Косово е независна држава и не можеме да се вратиме во времето на Милошевиќ. Колку побргу го прифатат тоа, толку подобро за двете страни“, рече тој.

На прашањето за идејата за приклучување на косовските територии кон Албанија, Курти вели дека одлука за тоа би требало да донесат граѓаните на референдум, во, како што вели, двете држави и дека сè би требало да се одвива мирно, демократски и транспарентно.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирус

Кон крајот на април ќе започнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирус од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Македонија36 минути

Почнува судењето за организаторите на „27 април”

Почнува судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој...

Свет42 минути

(Видео) Украинци пречекани со камења дома, откако беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан, биле пречекани од револтираните мештани кои со камења мавале по автобусите кои се упатиле...

Македонија11 час

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ16 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ19 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија22 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија22 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија22 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија22 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион23 часа

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа23 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет24 часа

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 ден

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет1 ден

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт1 ден

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет2 дена

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион2 дена

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион2 дена

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ2 дена

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Досие