Регион
Димитров разговарал со Штајнмаер, Иванов не?

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, кој учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на процесот „Брдо Бриони”, порачал дека новата реформска влада на Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатланските интеграции.
„ЕУ треба да остане искрена и директна при евалуирањето на нашите реформски и демократски процеси. Наша задача е да работиме на квалитативна трансформација на нашето општество. Да работиме на обезбедување на одговорно владеење и независни институции. Нашата цел е да изградиме модерна европска демократија, а ЕУ адекватно да ги валоризира реформите на тој пат. Зачленувањето во ЕУ и НАТО е нашиот врвен стратешки приоритет” – порачал министерот Димитров.
Димитров на маргините на состанокот остварил средба во четири очи со министерот на Србија, Ивица Дачиќ, на која била изразена подготвеноста за изнаоѓање решение од интерес на двете страни, во контекст на последните случувања. Исто така, тој имал краток разговор со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, кој му честитал на изборот, како и со Ален Ришар, специјален претставник за Балкан на министерот за надворешни работи на Франција.
На состанокот во Крањ беше и претседателот Ѓорѓе Иванов, но досега нема информација дека имал билатерална средба со германскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.
Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.
Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.
Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.
Регион
Во Хрватска 31 починат и 857 новозаразени, од 1 февруари олабавување на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 31 смртен случај и 857 новозаразени со коронавирусот, што е за пет проценти помалку од бројот на новозаразени пред околу десетина дена.
Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи на инфекција во Хрватска денес е 3.050, од кои 1.381 пациент се во болница, а 135 пациенти се на апарати за дишење.
Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, рече дека на Хрватска ќе ѝ биде тешко да ги добие ветените дози вакцина против коронавирус.
Чапак за ХРТ изјави дека „Фајзер“ го намалил бројот на дози за следните три испораки во Хрватска, пренесува „Индекс.хр“.
„Има слом на системот во кој верувавме. ЕУ стори сè за да има фер дистрибуција според бројот на жители, но ни се чини дека оваа фер дистрибуција нема да се случи“, рече Чапак.
Тој изјави дека од 1 февруари некои мерки сигурно ќе бидат ублажени.
„Разговорите сè уште се во тек, ние ќе ја подготвиме таа одлука на време. Сигурно ќе има некои отстапки”, рече Чапак.
Тој изјави дека на децата од 5. до 8. одделение ќе им биде дозволено да одат на училиште и дека интензивно се зборува да им се дозволи спорт и рекреација на отворено.
Регион
Србија досега вакцинирала 320.000 лица

Потпишавме договори за 6,5 милиони вакцини, но едноставно нема вакцина, изјави покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ и рече дека досега 320.000 луѓе биле вакцинирани. Со тоа, според него, Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани на милион жители.
Гојковиќ оценил дека фактот што Србија е веднаш зад Велика Британија според бројот на вакцинирани, всушност е индикатор за тоа колку добро се работело на заштита на населението.
„Фармацевтските компании очигледно загризаа голем залак кога помислија дека ќе можат да произведат толку многу вакцини и тоа се проблеми со кои ќе се соочуваме“, рече тој на прашањето за достапноста на вакцините, коментирајќи ја глобалната трка во имунизацијата против Ковид-19. Според него, „сега ниту парите, ниту моќта повеќе немаат улога“, но можат да се потпрат само на снаодливоста и пријателството.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот