Контакт

Регион

Директорот на Инфективната клиника во Белград предупредува дека во болниците имаат место за уште 24 часа

Објавено пред

Имаме места во болниците за следните 24 часа, можеби малку повеќе, и потоа треба да отвориме нови капацитети, предупреди директорот на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ.

По состанокот со министерот за здравство и другите директори на ковид и нековид-болниците, тој изјави дека ситуацијата во Србија е алармантна и дека речиси нема повеќе места за ковид-пациенти.

„Приливот на пациенти не се намалува, имаме места за 24 часа и повеќе, а потоа ќе мора да се отворат нови капацитети“, рече тој обраќајќи им се на новинарите.

Тој рече дека голем број е бројот на сè помлади кои имаат сериозни клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.

Тој исто така повика на иницијатива – вакцината против коронавирусот да биде задолжителна за здравствените работници.

Регион

Вучиќ: Имаме многу вакцини, но и многу антиваксери

Објавено пред

По состанокот со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на шефот на германската дипломатија им беа поставени неколку новинарски прашања.

Меѓу нив беше и прашањето на агенцијата ДПА, дали Србија ќе ги искористи сите добиени вакцини.

„Се чини дека имате вишок од нив“, рече новинарот на германската агенција.

Во тој контекст, тој го постави и прашањето дали Србија ќе им подели вакцини и на други, кои немаат доволно.

„Србија започна со вакцинација кон крајот на декември и тоа со вакцината на ‘Фајзер’, па дури подоцна добивме вакцини од кинеските и руските партнери. Сè добиваме точно според договорите со ‘Фајзер’ и ‘Синофарм’, кај другите има мало задоцнување, но сега нема да коментирам за тоа“, рече Вучиќ.

„Имаме доволно вакцини, но имаме уште еден проблем што се занемарува – постојат разни групи против вакцинација. Луѓе кои не сакаат да примаат вакцина, поради разни теории на заговор. Но, веројатно и ние сме виновни затоа што имаме доволно вакцини, па луѓето не брзаат“, нагласи тој.

„Вие во ЕУ имате редови, овде нема. Денеска на располагање се четири типа на вакцини и ако сакате може веднаш да одите и да се вакцинирате“, му одговори Вучиќ на новинарот на ДПА, нагласувајќи дека можноста за вакцинирање на странци во Србија е еден од начините на кои земјата им помага на сите народи во регионот.

Тој исто така рече дека од почетокот на кризата, Србија испратила околу 120.000 вакцини во земјите од регионот, додека во Србија се вакцинирале околу 65.000 граѓани од тие земји и најави дека процесот на вакцинација ќе продолжи, бидејќи ниту една земја не може сама да го реши тој проблем.

„Веруваме дека овие вакцини се исто толку важни за нашите соседи, како што се важни за нас. Затоа што ако кај нив има тешка ситуација, она што го правиме ние ќе биде бесмислено“, заклучи српскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Регион

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Објавено пред

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел Митов, денеска му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев.

Потегот на Митов дојде откако стана јасно дека коалицијата нема да може да освои мнозинство во парламентот, објави бугарската новинска агенција БТА.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 14 април рече дека неговата партија ГЕРБ ќе го номинира поранешниот министер за надворешни работи Даниел Митов за мандатар на владата што ќе се обиде да ја формира со помош на други партии што влегоа во парламентот по изборите на 4 април.

Според бугарскиот Устав, доколку првиот премиер не обезбеди мнозинство, претседателот треба да го предаде мандатот на втората по големина партија во парламентот, во овој случај партијата „Има таков народ“, која ќе има седум денови да се обиде да ја добие парламентарната поддршка.

Прикажи повеќе...

Регион

Мас во Србија: Секоја земја одлучува со какво темпо ќе оди во ЕУ

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека Германија е свесна дека прашањето за Косово е тешко прашање за Србија, но тој истакна дека нормализацијата на односите со Приштина ќе има економско значење за Србија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Затоа, тој на прес-конференцијата по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Германија го поддржува овој процес, исто така и ЕУ и Мирослав Лајчак, кои посредуваат во дијалогот.

„Србија и земјите околу неа имаат таков економски потенцијал и богатство на култура, а тоа се ресурсите што треба да се искористат за доброто на луѓето во регионот, но и на ЕУ“, рече Мас.

Исто така, секоја земја, посочи Мас, одлучува со какво темпо ќе оди во ЕУ и затоа ни е важно она што ни го рече претседателот на Србија, што Србија планира да стори по тоа прашање.

Мас истакна дека она што го слушнал од претседателот на Србија во тој поглед се одвива во вистинската насока и истакна дека резултатите се важни.

Според него, Германија ќе даде свој придонес во зголемување на брзината околу оваа тема.

На прашањето дали договорот во Брисел ќе биде исполнет или не, Мас рече дека сега е вистинското време да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Тоа беше тема на моите состаноци и овде и во Приштина, и ова е всушност вистинскиот момент да се продолжи разговорот за дијалог и договор и да се продолжи да се работи на тоа. Ние му даваме голема поддршка на Лајчак и на неговата работа, бидејќи само на тој начин ќе имаме многу успех“, рече шефот на германската дипломатија.

Сега не станува збор за разговори, сега ни требаат резултати. „Секако, двете земји треба да се посветат и да го потврдат сè она што е договорено досега, а тоа е дека овој конфликт постои, но не можеме да започнеме преговори од нула, сега треба да го исполниме планот и двете страни мора да дадат свој придонес во тоа“, рече Мас.

Тој потсети дека посетата на Белград ја планирал скоро една година, но поради пандемијата и постојаниот пораст на бројот на новозаразени со коронавирус, истата морала да биде одложена.

Сега, додаде тој, беше добро време за посета.

Кажа и дека сега е моментот кога може да се види колку е успешна Србија во спроведувањето на вакцинацијата на населението.

„Тоа интензивно се следи и во ЕУ. Колку сме поуспешни во вакцинацијата, толку полесно ќе се вратиме во нормален живот. Од неодамнешната посета на министерот Никола Селаковиќ на Берлин, ние бевме во позиција да се восхитуваме на вашата вакцинација од далечина. Во меѓувреме, Германија и ЕУ ја намалија таа разлика и сега секој петти граѓанин е вакциниран “, објасни тој.

Мас најави дека ќе има се повеќе вакцини во следниот период и дека ова и овозможи на ЕУ да достави вакцини и на Западен Балкан.

„Крајно време е да успееме. „Мислам дека тоа е пресвртница во заедничката борба против овој вирус“, нагласи Мас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на Предлог Закон за потекло на имот, денеска...

Регион2 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Свет2 часа

Директорот на СЗО: Oд досега употребените вакцини, само 0,3 отсто се во сиромашните земји

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека вакцините против Ковид-19 сè уште се недостапни за сиромашните...

Македонија2 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија2 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа3 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет3 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион4 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет4 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија5 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија19 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ21 час

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија21 час

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион21 час

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија22 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ23 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ1 ден

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Досие