Регион
Додик: Настаните во Косово го покажаа лицемерството на меѓународната заедница

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, синоќа на мрежата Х (поранешен „Твитер“) ја коментира ситуацијата во Косово велејќи дека целосно го поддржува Вучиќ, како и неговото коректно и правилно управување со кризата.
У потпуности подржавам предсједника Александра Вучића и руководство Србије у одмјереном и исправном управљању овом кризном ситуацијом на Косову и Метохији.
Сви ти догађаји показују лицeмјерје међународне заједнице која подржава потезе Аљбина Куртија да се за стање на Косову и…— Милорад Додик (@MiloradDodik) September 24, 2023
„Целосно ги поддржувам претседателот Александар Вучиќ и раководството на Србија во одмереното и правилно управување со оваа кризна ситуација на Косово. Сите овие настани го покажуваат лицемерството на меѓународната заедница, која ги поддржува потезите на Аљбин Курти да ги обвинува Србите и Србија за ситуацијата во Косово.
Верувам дека најавените мерки што ќе ги преземе раководството на Србија ќе бидат во интерес на мирот и стабилноста на Србија и на српскиот народ.
Го поддржувам нашиот народ во Косово, кој трпи голем ужас и знам дека е тешко да се остане ладен и смирен, но во овој момент тоа е неопходно.
Изразувам сочувство до семејствата на загинатите во конфликтите во Косово“, напиша Додик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.
Регион
Силен земјотрес во Романија

Романија попладнево ја погоди земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на 52 километри северозападно од градот Бузау, кој се наоѓа на истокот на Романија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри.
Регион
Ужас во центарот на Белград: судир на трамвај и такси

Вечерва околу 17 часот дошло до судир на трамвај и такси на улицата Караѓорѓева, во близина на белградската автобуска станица.
Според извештаите, таксито удрило во трамвајот.
Не се знае моменталната состојба на учесниците, како и причината за несреќата.
На оваа делница од патот има голема гужва.
Истрагата е во тек.