Регион
Додик позитивен на коронавирус

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, има пневмонија на двете белодробни крила. Тој трет пат е тестиран на коронавирусот, а резутатот од тестот е позитивен.
„Денес, советот на лекари се состана во Универзитетскиот клинички центар на РС и разговараше за здравствената состојба на Додик. Откриено е дека има тешкотии со дишењето и болка во стомакот. Дијагностицирана му е пневмонија на двете белодробни крила, а на третиот тест на новиот коронавирус е позитивен. Здравствената состојба на Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија“, е потврдено од УЦЦ РС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа, а бројот на активни случаи е 3.232.
1.468 пациенти се во болница, од кои 142 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 228.568 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.799 починале, а вкупно 220.537 оздравеле, од кои 659 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.114 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.149.691 лице, од кои 4.872 во последните 24 часа.
Регион
Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник В“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.
„Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во домовите за стари лица и персоналот што работи со нив. После тоа, ќе започне вакцинацијата на лица постари од 80, 75, 70 години, приближувајќи се на 65-годишна возраст, и секако на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со вирусот“, рече Боровиниќ Бојовиќ.
Регион
(Видео) Медицински сестри во ковид-болница во Хрватска играат оро и се веселат

На интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како медицински сестри играат и се веселат со жива музика во најголемата ковид-болница во Хрватска.
Снимката ја објави РТЛ. Како што наведуваат хрватските медиуми, веселбата се случила на почетокот на овој месец, а била доставена до РТЛ од вработена во болницата.
На прославата се присутни медицински сестри и помошен персонал, кои пејат и играат со жива музика, без да се придржуваат до епидемиолошките мерки, без физичка дистанца и без маски.
На снимката се гледа и хармоника наредена со пари.
Тоа ги налути дел од нивните колеги во болницата во Дубрава. Една од нив вели дека во преку 20 години работен стаж не доживеала вакво нешто.
„Во вакви ситуации се срамам што сум медицинска сестра. Во 20 години стаж ова не сум го доживеала. Непочитувањето на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и игри. И сето тоа во просторот на болницата во режија на вработените. Не знам кој дозволил бенд во болницата и дали знаел за тоа, но очекувам санкции за актерите на овој настан. Мислам дека со ова се фрли грда слика на останатите вработени, кои си ја работат својата работа како што треба. Време е да се одговара за тоа и да се спречат вакви настани во иднина. Се бориме против вирусот а сами го шириме. Лута сум и разочарана“, напиша една сестра.
Директорот на болницата, Ивица Лукшиќ, рече дека не е запознаен со случајот.
„За првпат го гледам видеото и изненаден сум. Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето работат напорно во болницата и дека морам да ги видам сите околности што доведоа до тоа“, рече тој.
Засега е непознато колку вработени дежурале да се грижат за пациентите во времето на оваа забава, а колку останале по завршувањето на нивната работа. Не е познато која е причината за прославата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот