Контакт

Регион

Додик: Република Српска е на пат да излезе од БиХ

Објавено пред

Босна и Херцеговина нема да ја има идната година ако не се врати на дејтонските позиции, порача српскиот член Претседателсатвото на БиХ, Милорад Додик, посочувајќи дека Република Српска тргнала на пат кон излез од БиХ од кој нема враќање, пренесува „Спутник“.

„Ние ќе го направиме тоа и нема да нè запрат ни САД ни кој било друг зашто сметаме дека Дејтонскиот договор е нарушен, пред сè со интервенција од меѓународниот фактор“, рече Додик.

Додик наведе дека времето ќе покаже колку е сериозна РС во таа намера наведувајќи дека има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи себеси тивко да исчезне и да биде уништена преку „смртоносниот“ пакет што го подготвиле меѓународната заедница и бошњачката страна во Сараевуо.

„Во првата фаза тоа се реализираше преку високиот претставник и наметнувањето решенија, а сега го прават тоа преку Уставниот суд, сакајќи да го заштитат тоа со приказна за владеење на правото. Да стануваше збор за владеење на правото, немаше тука да одлучуваат тројца странци и амбасадите“, истакна Додик.

Тој повтори дека РС не може да верува во БиХ.

„БиХ е лошо место и место на неслобода за Србите и РС. Ако нема договор странците да си заминат од Уставниот суд и ако тој не биде ставен во функција како во сите други земји, тогаш нема ни БиХ, нека го запаметат тоа“, нагласи Додик.

Тој посочи дека различните ставови за НАТО-интеграциите на БиХ е една од причините поради кои ваква земја не може да опстои.

„Ние не сакаме во НАТО поради своите искуства од минатото, додека некои други имаат свои искуства и сакаат во НАТО. Не треба никој да трпи поради нас, ниту ние поради некој друг. Додека сум јас тука, нема да се случи ниедна одлука во БиХ што ќе придонесе за интеграција на земјата во НАТО“, повтори Додик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бугарија дозволила прелет и рускиот „Панцир“ стигнува во Србија

Објавено пред

Бугарија му издала одобрение на рускиот авион кој ќе го донесе системот „Панцир-С1“ во Србија за прелет преку својот воздушен простор, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС.

„По одобрението од министерот за одбрана и во координација со Министерството за сообраќај, информациски технологии и комуникации, а во согласност со важечката регулаторна процедура, даден е позитивен одговор за прелет на рускиот авион, кој ќе го достави противвоздушниот ракетен комплекс „Панцир-С1“ во Србија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Регион

Албин Курти: Проектот за промена на границите пропадна, но идејата не е мртва

Објавено пред

Новоизбраниот косовски премиер, Албин Курти, вели дека проектот за размена на територии и промена на границите на косовската територија во рамките на дијалогот со Белград пропаднал, но дека таа идеја не е мртва.

Во интервју за „Зидојче цајтунг“, Курти предупредува дека поради тоа Приштина мора да биде внимателна затоа што таквите одлуки, како што вели, би ја отвориле Пандорината кутија.

Курти тврди дека не е против дијалогот со Белград, но, според него, тој процес би морал да се заснова на јасни принципи, кои се обврзувачки за двете страни.

„Србија мора да ја прифати реалноста: Косово е независна држава и не можеме да се вратиме во времето на Милошевиќ. Колку побргу го прифатат тоа, толку подобро за двете страни“, рече тој.

На прашањето за идејата за приклучување на косовските територии кон Албанија, Курти вели дека одлука за тоа би требало да донесат граѓаните на референдум, во, како што вели, двете држави и дека сè би требало да се одвива мирно, демократски и транспарентно.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Српски „Курир“: Меркел и Макрон војуваат за ЕУ преку Србија

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, неодамна навести дека една моќна европска држава барала од Приштина да воведе такси на производите од централна Србија, но иако не сакаше да открие на која земја мисли, српски „Курир“ објави, повикувајќи се на дипломатски извори, дека станува збор за Германија.

„Паралелно со тоа, Франција на чело со Емануел Макрон испраќа охрабрувачки пораки до Србија и до Вучиќ, а од Албин Курти, новоизбраниот косовски премиер, побара итно да ги укине таксите. На овој начин, преку Србија и со спротивставени ставови, Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, се борат за тоа кој ќе ги има главниот збор и позицијата лидер во ЕУ“, оценуваат дипломатските соговорници на „Курир“.

Вучиќ вели дека барањето за воведување такси имало цел да ја наведе Србија да излезе од дијалогот со Приштина, кој одел кон компромисно решение.

„Тоа е направено за да се поттикне Србија да излезе од дијалогот за да пропадне каков било план да добие нешто. Јас не го знаев тоа веднаш, но сега го знам. Станува збор за една значајна и моќна сила“, изјави Вучиќ.

Дипломатот Зоран Миливоевиќ вели дека тоа се вклопува со германскиот став во врска со прашањето на Косово, а дека Макрон се обидува да ја наметне Франција како лидер во однос на Германија.

„Германците не прифаќаат компромис за Косово и тој став е проблематичен за нас. Вучиќ вели дека е многу потешко да се разговара со Германија отколку со САД зашто Американците сега се многу покооперативни и пофлексибилни и сметат дека и српските интереси мора да се уважат“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ6 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ9 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија12 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија12 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија12 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија13 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион13 часа

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа13 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет14 часа

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија14 часа

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет15 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт1 ден

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет1 ден

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион1 ден

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион1 ден

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ1 ден

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија1 ден

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ1 ден

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Досие