Регион
(Видео) Драмата во Грција не запира: пожарот во Атика сѐ уште беснее, ветерот го отежнува гасењето
Пожарот што избувна во неделата на североистокот на Атика, на 35 километри од Атина, сѐ уште беснее, а пожарникарите во текот на ноќта безуспешно се обидуваа да го локализираат.
Должината на огнениот фронт е 20 километри, а жителите на локалните населени места се предупредени да се подготват за евакуација, пишува „Катимерини“.
❗️🔥🇬🇷 – Almost 300 firefighters and 54 teams have tried to put out a fire that has been active for more than 48 hours in Crete, Greece.
Hundreds of people have been evacuated preventively and there are several areas without electricity. pic.twitter.com/FIypCqkQwP
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) August 9, 2024
Грчката полиција (ЕЛАС) апелира до граѓаните да избегнуваат какво било движење кон подрачјата зафатени од пожарите и поради сопствена безбедност да се придржуваат до издадените упатства за евакуација на подрачјето.
Исто така, апелира до граѓаните да се овозможи непречено движење на противпожарните возила.
Освен населбите, поради пожарот, евакуирани се и Детската болница и Воената болница во Пантели.
Евакуиран е и манастирот „Свети Ефрем“ во регионот на Анадолија, како и манастирот „Пентели“.
Во гаснењето на пожарот се вклучени речиси 1.000 пожарникари, професионални и доброволни, како и локални жители, но и 35 авиони, пишува порталот „Товима“.
Пожарот, кој избувна околу 15 часот во неделата, бргу напредуваше кон езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода, изјави полковник Василис Ватракојани, портпарол на противпожарната служба.
Сѐ уште не е познат бројот на оштетените куќи.
Ватракојанис рече дека ветровите достигнуваат ураганска сила во областа на пожарот, а пламените јазици биле високи повеќе од 25 метри. Небото над Атина се затемни со густ чад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.