Контакт

Регион

Евростат: Државјани на БиХ масовно заминуваат во ЕУ

Објавено пред

Минатата година на 53.520 граѓани на БиХ за првпат им била дадена дозвола за престој во една од земјите членки на Европската Унија, укажуваат податоците на Евростат.

Бројот е зголемен во споредба со 2017 година, кога вкупниот број дозволи за престој издадени на државјани на БиХ добиени за првпат во една од земјите членки на ЕУ изнесуваа 26.395.

Најголем број државјани на БиХ се преселиле во Германија – 16.523, по што следи Словенија со над 15.000 издадени дозволи за престој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

ЕУ: 10 милиони евра за БиХ за справување со мигрантите

Објавено пред

Европската комисија ќе ѝ додели уште 10 милиони евра на Босна и Херцеговина во решавање на проблемите поради зголемениот број мигранти и бегалци. Со тоа, вкупното финансирање на ЕУ за миграцискиот проблем во БиХ од почетокот на 2018 година е 34 милиони евра.

Во БиХ од јануари 2018 година влегле речиси 36.000 бегалци и мигранти.

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај и Ахмети предизборно ќе коалицираат

Објавено пред

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај, и претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД), градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, потпишаа договор за заеднички настап на предвремените избори коишто есенва треба да се одржат во Косово.

„Денеска сме поподготвени да ги преземеме одговорностите по изборите. Имаме две пораки: политичка зрелост и надеж за земјата”, изјави Харадинај, порачувајќи дека коалицијата останува отворена за евентуални нови партнери за заеднички настап на изборите.

Од трите партнери во досегашната владејачка коалиција, како добредојдени за соработка за наредните избори Харадинај ги спомна Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на потпретседателите на Владата во оставка Фатмир Лимај и Беџет Пацоли.

Лидерот на ПСД, Ахмети, потврди дека е постигнат договор за заеднички настап со ААК и информира дека носител на коалициската изборна листа и кандидат за иден премиер ќе биде Харадинај.

Прикажи повеќе...

Регион

БиХ: На оглас за 40 возачи на автобуси се пријавиле 6 луѓе

Објавено пред

Босна и Херцеговина во последните години се соочува со масовно губење работници што своето знаење и вештини за поголема плата ги нудат надвор од границите на земјата, пишува порталот „Бизнис инфо“.

„Иако во најголема мера заминуваат здравствени работници и ИТ-експерти, сè повеќе очигледно е и масовното заминување на возачите на автобусите и камионите, а многуте компании за превоз се соочуваат со дефицит од работна сила“, се наведува во текстот во кој пишува дека на оглас за 40 возачи на автобуси се пријавиле шест луѓе.

Од компанијата што го распишала огласот велат дека се во контакт со други компании во БиХ и дека овој проблем го имаат сите.

„Ако итно не се преземе нешто, набргу ќе дојде до колапс на компаниите за превоз во БиХ и нема да има кој да ги вози автобусите. Мора да се подобрат условите за работа, односно платите да одговараат на трошоците за живот“, истакна директорот на компанијата, Дармин Терзиќ.

Просечната плата на возачите на автобуси изнесува околу 1.000 КМ (511 евра) плус топол оброк. Возачите што сообраќаат на меѓународни релации, покрај тој износ, добиваат и дневница од 25 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија4 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија5 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија8 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ8 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија8 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија9 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа10 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет11 час

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија22 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет23 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет23 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија24 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет24 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт1 ден

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Досие