Контакт

Регион

Еди Рама им објави ,,војна” на казината и обложувалниците во Албанија

Објавено пред

Владата на Албанија им објави „војна“ на сите казина и обложувалници кои се наоѓаат во градовите во оваа земја. За да се спречи ширењето на коцкањето, наредено е дислокација на сите казина и обложувалници надвор од градовите.

Еди Рама, албанскиот премиер порача дека сите казина, обложувалници и други објекти кои нудат обложување, ќе мораат да се затворат и да се преселат надвор од градските средени до крајот на годината. Според Рама, крајниот рок за пренесување на објектите е 31 декември 2018 година. Оние кои нема да го сторат тоа, ќе бидат канзети.

Албанскиот премиер ги предупреди и медиумите да престанат со рекламирање на обложувањето, или во спротивно ,,ќе бидат присилно затворени”.

Регион

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Објавено пред

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.

„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.

Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.

По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Граничната полиција на БиХ спречи шверцување мигранти од Сирија и Ирак

Објавено пред

Припадниците на граничната полиција на Босна и Херцеговина во текот на ноќта спречиле шверц на 17 лица од афро-азиско потекло, кои не поседувале документи за идентификација, соопштија од граничната полиција.

Службениците посочија дека мигрантите, најверојатно, доаѓаат од Сирија и Ирак.

Нелегалните мигранти беа откриени при контрола на две возила со босански регистарски таблички во пограничниот појас во областа Гацко, соопштија надлежните и посочија дека по наредба на јавен обвинител, лицата што управувале со возилата биле приведени поради основано сомнение дека сториле кривично дело организирање група или здружение за кривично дело шверцување мигранти, а во врска со кривичното дело трговија со луѓе, возилата и другите докази се привремено одземени и понатамошната работа на овој случај е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Иво Санадер осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање

Објавено пред

Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател, Иво Санадер, е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање.

Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во казната. Исто така, Санадер треба да врати 3,6 милиони куни (околу 486.000 евра) во хрватскиот буџет, колку што стекнал незаконски.

„Оваа пресуда е преседан бидејќи е прва пресуда за воено профитирање“, рече судијката Галешиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија39 минути

Заев: Учиме од историјата, чекориме силно и храбро кон иднината

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба –...

Македонија49 минути

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет2 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет2 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Свет2 часа

Експлозивна направа најдена во близина на домот на Сорос

На адреса во близина на домот на американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, во поштенското сандаче бил пронајден експлозив, поради...

Македонија12 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија15 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија17 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија17 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија18 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија20 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија21 час

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија22 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија23 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија1 ден

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Досие