Контакт

Регион

Еди Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Објавено пред

Никогаш не сум сонувал за Голема Албанија, бидејќи имав поголем сон – Голема Европа, под чие небо би се обединиле сите Албанци, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за порталот „Јуроњуз“, објавен во пресрет на САмитот на ЕУ и Западен Балкан во Софија.

Рама изразил жалење поради реакциите кои биле предизвикани од неговата изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат заеднички претседател.

„Тоа не требаше да биде вознемирувачка изјава, туку замисла, во многу посебни околности, на десетгодишницата од независноста на Косово и за време на обраќањето во косовскиот парламент“, рекол Рама.

Според него, идејата за заеднички претседател се однесува на период за 20 години, а како што рекол, пред да ја изнесе таа идеја, тој нагласил дека и дијалогот меѓу Белград и Приштина за 20 години би можел успешно да биде завршен,  и Србите и Албанците тогаш би биле во состав на ЕУ.

Според албанскиот премиер, 2025 година би требало да биде година кога сите земји од регионот ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ, ако се трудат и си ја работат својата работа.

Вести

Бондстил: Втора смрт на американски војник во 2018 година

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД, соопштило дека во базата „Бондстил“ во Косово починал водникот Конард Робинсон.

Ова е втор случај на смрт на американски војник во оваа база во 2018 година.

„Ен Би Си 7 Сан Диего“ пренесува дека во синоќешното соопштение на Пентагон е неведено дека 36 годишниот Робинсон, роден во калифорнискиот град Сан Маркос умрел во околности кои не се поврзани со воени дејствија.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ: Хрватска ќе се заложи за проширување на Унијата, по примерот на Бугарија

Објавено пред

Од

Хрватска ќе продолжи со бугарската иницијатива во поглед на проширувањето на Европската Унија на југоисток, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Неговата изјава следеше по состанокот со бугарскиот колега, Бојко Борисов.

Проширувањето на ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседателство во првата половина од оваа година. Хрватска, најмладата членка на Унијата ќе го води блокот на 28-те земји членки во првите шест месеци во 2020 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Избегнат инцидент пред албанското МВР, министерот бил во зградата за време на протестот

Објавено пред

Од

Припадници на албанската опозиција на денешниот протест од пред владата во Тирана се упатија пред албанското МВР каде што побараа оставка на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај .

Демонстрантите на моменти фрлаа предмети кон големиот кордон на полицијата, по што дојде и до туркање . Кога можеше да се случи инцидент, пристигна лидерот на опозицијата Лулзим Баша и побара од демонстрантите нивно повлекување од пред зградата на МВР. Албанските медиуми јавија дека министерот Џафај бил во објектот на министерствтото и од таму го следел протестот на опозицијата .

 

Протестите завршија со говор на Баша пред седиштето на Демократската партија, каде ги повтори барањата на опозицијата за оставка на премиерот Еди Рама и оставка на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај. Тој уште еднаш рече дека главен виновник за стопирање на патот на Албанија кон ЕУ е владата на Рама за која истакна дека е корумпирана и спроведува криминални активности за лични цели. Баша истакна дека денеска протестирале „Албанците кои се за Европа“.

Опозицијата ги обвини органите на редот дека во одредени моменти вршеле насилство врз демонстрантите и соопшти дека бил претепан и му се нанесени тешки повреди на главниот утредник на весникот на опозицијата „Рилиндја Демократике“, Бледи Касми.

Албанскиот премиер Еди Рама, кој инаку денеска има средби во градови на јужна Албанија, на својот профил на социјалните мрежи оценува дека протесот на опозицијата потфрлил бидејки многу припадници на Демократската партија не учествувале на протесотот. Рама синоќа рече дека протестот на опозицијата е во насока на попречување на патот на Владата за да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во престрет на демонстрациите, министерот Фатмир Џафај изјави дека тој би дал оставка ако се докаже автентичноста на аудио снимките кои ги објави опозицијата, а во кои наводно разговараат за шверц со дрога две лица од кои еден се претпоставува дека е неговиот брат Агрон Џафај. Во спротивно, тој рече, дека ќе бара остававка од функцијата претседател на ДПА на Лулзим Баша.

Албанските аналитичари оценуваат дека денешниот протест на опозицијата ги зголемил политилчките тензии во земјата, што секако не оди во прилог на започнување на преговорите на Тирана за членство во ЕУ.

К.М.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести4 часа

Историска победа за правото на абортус во Ирска

Изборни комисии во Ирска денеска ги потврдиле резултатите од изборната анкета по референдумот во Ирска. Резултатите покажуваат голема победа на...

Свет11 час

Лидерите на двете Кореи се сретнаа на границата без претходна најава

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изненадно се сретнаа во пограничниот град во...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара половина влада да поднесе оставка за неспроведување на реформите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за финансии Драган Тевдовски и за внатрешни...

Надворешна политика14 часа

Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од...

Македонија15 часа

Кукаст крст на споменикот на Тито во Куманово, градоначалникот бара да се пронајдат сторителите

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово....

Свет16 часа

(Фото) Нова ерупција – 10.000 метри пепел и чад од вулканот на Хаваите

Официјалните лица истакнуваат дека на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулканот Калауеа, пришто се создал облак од чад...

Македонија16 часа

Два земјотреси синоќа во Охридско-преспанскиот регион

Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион синоќа регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите се наоѓаат...

Надворешна политика1 ден

Ладен туш за почеток на преговорите за влез во ЕУ – „нон пејпер“ за Македонија

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот...

Македонија1 ден

(Видео) Нимиц: Нема конечно решение за името, двете страни ќе продолжат со работа

На средбите во Њујорк не е постигнато конечно решение за спорот со името, но двете страни ќе продолжат со работа...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 ден

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија1 ден

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија2 дена

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа2 дена

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести2 дена

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести2 дена

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија2 дена

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија2 дена

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија2 дена

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет2 дена

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Досие