Контакт

Регион

ЕП му го укина имунитетот на грчкиoт пратеник, осуден поранешен член на Златна зора

Објавено пред

Европскиот парламент му го укина имунитетот на грчкиот пратеник Јоанис Лагос, поранешен член на неонацистичката партија Златна зора, кој беше осуден во Атина на 13 години и осум месеци затвор поради управување со криминална организација, беше објавено денес во Брисел.

Таа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови, 658 пратеници на тајно гласање беа за укинување на имунитетот, 25 беа против, а 10 беа воздржани.

Постапката е поведена по барање на грчките власти, кои мораат да издадат европска потерница за Јоанис Лагос. 48-годишникот е меѓу 40-те членови на Златна зора, кои беа осудени во октомври по пет и пол години маратонско судење.

Лагос, како и целото раководство на Златна зора, беше во притвор по убиството на антифашистички активист во Атина во септември 2013 година. Тој беше пуштен на условна слобода 18 месеци подоцна додека чекаше судење.

Тој имаше пратенички имунитет од јули 2019 година кога беше избран во Европскиот парламент за претставник на Златна зора, која ја напушти неколку месеци подоцна.

Лидерот на Златна зора, Никос Михалолијакос, и повеќето осудени се во затвор, но вториот човек на таа организација, Христос Папас, сè уште е во бегство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Чешкиот претседател му се извини на Вучиќ за бомбардирањето во 1999 година

Објавено пред

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ѝ се извини на Србија за бомбардирањето на НАТО во 1999 година, оценувајќи дека тоа е „грешка“ и „полошо од злосторство“ и побара прошка од српскиот народ.

„Како човек, би сакал да го замолам српскиот народ да ни прости. Тоа цело време ме мачеше. Со ова барање за прошка, ја решив мојата долгогодишна траума, затоа што каењето ослободува”, изјави Земан пред новинарите по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Земан објасни дека Чешка, кога започна бомбардирањето на тогашна СР Југославија, била членка на НАТО само неколку недели и дека затоа не можела да најде држава што ќе ја поддржува во спротивставувањето на нападот врз Србија.

На 24 март 1999 година земјите членки на НАТО ја започнаа операцијата „Сојузнички сили“ – бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, кое траеше до 1 јуни 1999 година – со што се стави крај на конфликтот на Косово.

Во 78-дневните напади сериозно беа оштетени инфраструктурата, деловните субјекти, училиштата, здравствените установи, медиумските куќи, спомениците на културата, црквите и манастирите, а се проценува дека загинале најмалку 1.300 лица и околу 12.000 биле повредени.

Економските експерти од Групата 17 ја проценуваат штетата на околу 30 милијарди долари, додека некои проценки се движат до 100 милијарди.

Заблагодарувајќи му се на Земан, Вучиќ рече дека српскиот народ никогаш нема да го заборави неговото извинување.

Српскиот и чешкиот народ досега беа пријателски народи, а од денес се братски, истакна Вучиќ за време на обраќањето што некои белградски електронски медиуми го пренесуваа во живо од Прага.

Тој оцени дека Земан е храбар човек кој никому не се додворува и го најави доаѓањето на чешкиот претседател во Србија на крајот на годината, кога се очекува отворање на „Чешката куќа“ во Белград.

Прикажи повеќе...

Регион

Ердоган остро ја нападна Австрија поради поставувањето на израелското знаме

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја осуди австриската влада затоа што во неделата го закачи израелското знаме на нејзината зграда во Виена.

На овој начин Виена испрати поддршка до Израел во ескалацијата на конфликтот со Палестинците.

„Австриската држава се обидува да ги принуди муслиманите да ја платат цената за геноцидот што го извршија врз Евреите“, рече Ердоган, цитиран од „Ројтерс“.

Тој додаде дека Израел е „незаменлив убиец“.

„Израел убива деца на возраст од 5-6 години. Убиваат жени, убиваат стари луѓе“, рече Ердоган, истакнувајќи дека Турција продолжува да прави напори за заштита на Палестина и Ерусалим, пренесе „Анадолија“.

Претседателот на Турција ги повика сите меѓународни организации да ги преземат неопходните чекори и мерки за заштита на Палестинците.

„Ги повикуваме Обединетите нации, Советот за безбедност, Организацијата за исламска соработка и сите други меѓународни организации да дејствуваат во корист на угнетените Палестинци и Ал Кудс (Ерусалим)“, рече Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во Анкара.

Тој предложи формирање комисија составена од претставници на трите главни религии за управување со Ерусалим.

Прикажи повеќе...

Регион

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Објавено пред

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за целиот регион на Западен Балкан, а не за одделни земји.

Лидерите на Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и на Босна и Херцеговина присуствуваа на состанокот по повод 10-годишнината од иницијативата.

Заедничката изјава го поздравува усвојувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан од октомври 2020 година, како и фактот дека, како што се наведува, е придружен со значителни финансиски средства.

Документот нагласува дека, како составен дел на Европа, Западен Балкан има права и обврски да го следи развојот на земјите членки на ЕУ што е можно повеќе, со олеснет пристап до Унијата.

Лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ истакнаа дека се посветени на заедничката стратешка визија за Европа и ја истакнаа нивната посветеност на мирот и стабилноста, вклучително и добрососедските односи.

„Западен Балкан е дел од Европа и обединувањето на Европа не е целосно без Западен Балкан. Со членството во ЕУ границите меѓу земјите членки стануваат помалку важни, што создава поширок простор за соживот и плуралност на националните интереси“, се вели во документот.

„Ја повикуваме ЕУ да го забрза процесот на пристапување многу бргу и да го вклучи целиот Западен Балкан во Унијата имајќи го предвид напредокот што го направи секоја земја“, порачаа политичките лидери.

Тие изразија јасен став за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, без натамошно одложување.

Во однос на предизвиците на пандемијата на Ковид-19 и нејзините економски и социјални последици, тие ја истакнаа потребата да се искористи закрепнувањето како можност за зелена и дигитална транзиција, што ќе доведе до одржлив развој и ќе им понуди можности на помладите генерации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија6 часа

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет7 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет9 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија10 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија12 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија13 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија16 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет16 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија16 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет17 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет17 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет17 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет17 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие