Контакт

Регион

Ердоган: Билатералните прашања на неколку земји членки не треба да ги доведат во заложништво односите меѓу Турција и ЕУ

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вели дека ставот на Европската Унија кон Турција во последниот период е далеку од конструктивен, пренесе агенцијата „Анадолија“. Според Ердоган, билатералните прашања на неколку земји членки не треба да ги доведат во заложништво односите меѓу Турција и ЕУ.

„Во светот во моментот нема друга земја која се бореше толку силно против ДЕАШ како Турција“, рече Ердоган и додаде дека на 76.000 лица од 151 земја Турција им забрани влез во земјата, меѓу кои има припадници на ДЕАШ и други терористи.

„Ја фативме постарата сестра на Багдади со сопругот, сега е кај нас. Како последно, фативме и 13 лица од најблискиот круг“, додаде тој.

Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со згрижувањето на сириските бегалци, без оглед дали доаѓа поддршка или не, но и порача дека ако видат дека таа работа не може да ја продолжат, ќе мора да ги отворат вратите.

Турскиот претседател се осврна и на посетата на САД во рамките на која истакна дека ќе стане збор за регионалните прашања, особено за меѓусебните билатерални односи, кaко и за системите „С-400“ и „Патриот“ и за програмата за „Ф-35“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Објавено пред

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи возачките дозволи издадени во Хрватска да бидат валидни и во земји кои се потписнички на Конвенцијата, меѓу кои се САД, Канада, Јапонија, Австралија и Аргентина.

Хрватска е потписник на Виенската конвенција, според која меѓународните возачки дозволи издадени во Хрватска не се валидни во земји кои се членки на таа конвенција, поради што беше неопходно да се реши овој проблем.

Во моментов, 79 се држави потписнички на Виенската конвенција и 98 на Женевската конвенција.

Прикажи повеќе...

Регион

Силно невреме го прекина траектниот сообраќај на среден Јадран

Објавено пред

Поради силно невреме на среден Јадран, траектната линија Макарска – Сумартин денеска беше откажана, а попладнево беа откажани и катамаранските линии Сплит-Вис, Сплит-Бол-Јелса и Сплит-Хвар-Вела Лука-Убли.

„Во попладневните часови невремето ќе достигне и до 70 километри на час, што создава повеќеметарски бранови ризични за пловидба, па затоа решивме да ги прекинеме овие линии“, рече Јелена Ивулиќ, директорка на агенцијата „Јадролинија“ во Сплит, пренесува „Хина“.

Таа истакна дека тие ги следат прогнозите на метеоролозите и дека врз основа на тоа ќе донесат одлуки кога повторно ќе бидат воспоставени овие линии.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ одликуван со „Златен медал за заслуги“ на градот Атина

Објавено пред

Претседателот на Србија се состана со градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој му врачи „Златен медал за заслуги“ на градот Атина.

Бакојани истакна дека „Златниот медал“, што му го доделил на претседателот на Србија, е признание за неговиот придонес во големото пријателство што ги поврзува српскиот и грчкиот народ, како и знак на почит кон неговата личност.

Во рамките на дводневната посета на Грција тој се сретна и со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос, кому му се заблагодари за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за европскиот пат на Србија, истакнувајќи дека Србија ќе го поддржи територијалниот интегритет на Грција и нема да го промени својот став за Кипар.

Вучиќ истакна дека Србија и Грција на политички план се поддржуваат во сите меѓународни организации и институции додавајќи дека двата народа секогаш биле рамо до рамо кога им било најтешко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија6 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет7 часа

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет8 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион9 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија12 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија13 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија15 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија15 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија15 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија15 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија15 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет16 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет16 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет16 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет18 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион1 ден

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ1 ден

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија1 ден

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие