Контакт

Регион

Ердоган за бегалската криза: Не знам што ќе направи Грција ако ја отвориме вратата

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, реагира на изјавите на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за тоа како Турција ја предизвикала бегалската криза.

Тој рече дека Грција е земја што ги дупчи чамците за мигрантите и ги испраќа во смрт, пренесе агенцијата „Анадолија“.

„Да се ​​каже дека бегалската криза ја предизвикала Турција, навистина е израз на неблагодарност. Пред сѐ, Грција е земја што дупчеше чамци за бегалците во Егејското и Средоземното Море, со што ги осуди на смрт. Ги имаме сите докази. може да му каже на светот, а можеби и да го измами. Но, вие не ја сакате Турција“, рече Ердоган по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој потсети дека Турција на своја територија примила речиси пет милиони бегалци.

„Речиси четири милиони од нив се од Сирија, некои од Ирак, Авганистан. Неблагодарно е да се каже проблемот со бегалците произлегува од Турција, и тоа за земја што прими приближно пет милиони бегалци. Не знам што ќе направи Грција ако ја отвориме вратата“, рече Ердоган.

Регион

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Објавено пред

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на консултациите, кои почнуваат денеска пред доделувањето на мандатот за нова влада, јави „Бгнес“.

Двете преодни влади ја стабилизираа земјата, рече Радев, истакнувајќи дека ефикасна коалициска влада може да постои и претседателската институција е отворена за дијалог, како и за поддршка во рамките на нејзините овластувања.

Сфативме дека е сосема итно да имаме влада, порача кандидатот за премиер, Кирил Петков, од „Промената продолжува“.

„Бугарија веќе има итна потреба од влада. Оваа одговорност ја презедовме и идејата е во блиска иднина да го претставиме предлог-кабинетот врз основа на коалиција од четирите партии“, додаде Петков.

Тој истакна дека досегашните разговори меѓу ПП, БСП, ИТН и ДБ се апсолутно конструктивни.

„Направивме коалициски документ, кој синоќа беше комплетиран и испратен до сите коалициски партнери. Ги сумира сите мерки за кои разговаравме. Секоја од партиите во оваа коалиција треба да биде претставена во идниот кабинет. Имавме над 90 отсто заеднички политики. На Бугарија ѝ требаат автопати, добри приходи, за да ги врати Бугарите од странство“, рече Кирил Петков.

Прикажи повеќе...

Регион

Протест во Брисел поради строгите ограничувањата против Ковид-19

Објавено пред

Стотици луѓе денеска маршираа низ центарот на Брисел во знак на протест поради построгите ограничувања против Ковид-19, кои ги воведе белгиската влада со цел да се справи со најновото нагло зголемување на бројот на заразени коронавирус.

Учесниците на маршот протестираа против мерките објавени во петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри рестрикциите бидејќи со последното зголемување на новозаразените со Ковид-19, капацитетите во болниците се преполни.

Извикувајќи „Слобода! и носејќи транспаренти на кои пишуваше „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“, луѓето маршираа до седиштето на Европската унија. Некои носеа транспаренти со критики за вакцините и слогани против вакцините да бидат задолжителни.

Со оглед на најголемиот пораст на случаи кај децата, белгискиот премиер Александар Де Кро во петокот рече дека носењето маска ќе биде задолжително за сите деца на возраст над шест години. Децата постари од 10 години и досега беа обврзани да носат маска. Основните училишта ќе бидат затворени за божиќните и новогодишните празници една недела порано, а средните училишта ќе преминат на хибриден систем, па половина од наставата ќе ја следат од дома.

Собирите во затворени простории се ограничени на 200. Владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да бидат затворени во 23 часот на три недели. Се шпекулираше дека времето на нивното затворање ќе биде поместено за 20 часот, но Владата засега се одлучи против тоа.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Објавено пред

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Поплавени се многу улици во центарот на Сплит. Како што може да се види на снимката која ја испратија читателите, во центарот на градот имало помал порој.

Поплавени се и градските патишта.

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот, јавува „Далмација денес“.

Хрватскиот автоклуб – ХАК ги предупредува возачите дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места патиштата се затворени поради непроодност.

„ Тротоарите се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата. Поради повремени и обилни врнежи од дожд, особено во Далмација можна е поголема количина на вода на коловозот. На места има магла, а можна е и појава на одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“ велат од ХАК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна...

Македонија2 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Економија2 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Македонија2 часа

Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења...

Европа2 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа4 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа4 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет16 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет17 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет17 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа19 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија22 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија23 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија23 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Досие