Регион
Ердоган: Нападот на џамијата во Ларнака нема да остане без одговор

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека нападите врз џамија на Кипар нема да останат без одговор, по дојавата за обид за запалување џамија во јужниот, меѓународно признат грчки дел на Кипар.
Турскиот весник „Дејли Сабах“ објави дека најмалку едно лице било приведено по обидот на 2 декември да запали голема џамија во Ларнака, а во таа ситуација немало повредени.
„За жал, имаше обид за напад на нашата џамија во Јужен Кипар. Се разбира, оваа операција нема да остане без одговор“, рече Ердоган при посетата на Кипар.
Тој додаде дека претходно го предупредиле Јужен Кипар: „ Ова му го кажуваме на Јужен Кипар: не правете таква саботажа против нашите свети места. Цената што ќе ја платите за оваа саботажа ќе биде голема“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Фрлени димни бомби врз Владата во Косово во знак на протест против договорот од Охрид

Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа димни бомби околу зградата на Владата во Приштина, незадоволни од Охридскиот договор од минатата недела, со кој беше предвидено формирање на Заедница на српски општини.
Неколку стотици симпатизери на оваа партија, формирани од незадоволните функционери на движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти, прво организираа протестна прошетка покрај централното шеталиште во Приштина, за да се соберат околу зградата на Владата, објави РТС.
Барајќи оставка од премиерот Курти, тие ги тргнаа сино-жолтите знамиња со територијата на Косово од јарболот на влезот во владината зграда, а на нивно место закачија бели знамиња, покажувајќи дека, според нив, Курти се предал кога стигнал договор во Охрид.
Полицијата го обезбедуваше влезот на владината зграда. За време на протестот немаше други инциденти.
Иако се против Охридскиот договор, и покрај поканата за приклучување, опозициските партии и нивните активисти не присуствуваа на протестот.
Регион
Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот – објави српската царина на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
На фотографијата се гледа жена, која го крие лицето, како седи свиткана под хаубата на возило.
Вистинско чудо е како успеала да се сокрие во тој дел од автомобилот, но чудо е и што цариниците ја откриле.
Регион
Двајца пациенти умреле чекајќи кревет во загрепска болница

Двајца пациенти починаа во слични околности, оставени да лежат на транспортни колички во чекалната на ургентното одделение на Клиничката болница Свети Дух во Загреб, пишува Индекс.хр.
Едниот пациент бил пронајден мртов во чекалната од членовите на семејството, другиот од припадниците на брзата помош.
Како што дознава Индекс, и двајцата пациенти биле примени во итната медицинска помош и биле ставени во лежечки транспортни колички и оставени во чекалната. Причината поради која биле во чекалната е тоа што немало слободен кревет.
Првиот случај се случил ноќта на 20/21. февруари. Како што дознава Индекс, станува збор за пациент кој бил оставен во чекалната и кој утрото бил пронајден мртов од членовите на неговото семејство.
Неколку дена подоцна сличен исход се случи со друг пациент. Откако му била укажана лекарска помош, по пациентот била повикана брза помош и тој чекал во чекалната. Вработените во медицинскиот транспорт го пронашле пациентот мртов. Во двата случаи смртта на пациентите најпрво ја забележале надворешни лица, односно семејството на починатиот и вработените во медицинскиот транспорт, а дури потоа персоналот во болницата.
Од болницата за Индекс.хр ги потврдуваат случаите. Велат дека немало лекарска грешка.