Контакт

Регион

ЕУ ѝ додели дополнителни шест милиони евра на Босна за справување со бегалците

Објавено пред

Европската комисија денеска усвои специјална мерка во вредност од 6 милиони евра за поддршка на Босна и Херцеговина во управување со бегалската криза, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Средствата од ЕУ ќе ги унапредат капацитетите на Босна и Херцеговихна за индентификација, регистрација, спроведување на државјаните што ја поминале границата, осигурување сместување и основни услуги за бегалците, азилантите и мигрантите, контрола и надзор на границата.

Средствата се надоврзуваат на износот од 1,5 милион евра, што стана достапен во јуни со цел Босна да одговори на итните хуманитарни потреби за бегалците и мигрантите.

Покрај хуманитарната помош, од 2007 година ЕУ ѝ даде помош на Босна и Херцеговина во подрачјето на миграциите и управувањето со границите во износ од 24,6 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ ќе му подари на претседателот на Русија малечко шарпланинче

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му подари на рускиот претседател Владимир Путин оригинален подарок – кутре од расата шарпланинец, пишува „Блиц”.

Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса, по потекло од Шар Планина.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации наназад. Станува збор за нашата најстара автохтона раса, и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, вели соговорник од Претседателството.

Според него, ова е првпат претседателот на Србија да подари таков подарок.

Прикажи повеќе...

Регион

„Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ – постери со пратениците се појавија во Грција

Објавено пред

Постери со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против преспанскиот договор во парламентот, осамнаа низ повеќе градови во Грција, пишуваат грчките медиуми.

Постерите се со фотографии од пратениците од редовите на СИРИЗА и Независни Грци, а до нив стои „ти ќе ја предадеш нашата Македонија“.

„Грик рипортер“ пишува дека не е познато кој стои зад кампањата.

Договорот за името се очекува кон крајот на месецот да стигне на ратификација во грчкиот Парламент. Од оваа перспектива, како што пишува „Грик рипортер“, се верува дека владата обезбедила 151 глас потребен за договорот да добие зелено светло, и покрај тоа што партијата Независни Грци (АНЕЛ) која беше коалиционен партнер на Ципрас, се повлече од владата во неделата.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Малолетник од Хрватска осуден на затвор во Австрија, со нож избол соученик

Објавено пред

Во австрискиот град Корнеубург деновиве се одвиваше судење кое предизвика реакции во тамошното општество. Во случајот му се суди на 16-годишен Хрват, кој во медиумите е претставен само со иницијал К., кој е обвинет за обид за убиство на една година помлад соученик кого на 2 мај минатата година пред училиштето во виенскиот кварт Вахринг го избол со нож.

Во истиот случај обвинет е и избодениот, кој се товари дека неговиот напаѓач претходно го малтретирал и уценувал, па од него извлекол повеќе стотини евра. К. пред неколку години со својата мајка се доселил од Хрватска во Австрија, а повреденото момче е роден Австриец со египетско потекло.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот, кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија17 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциска

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија25 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија1 час

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија2 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија3 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија4 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион5 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести5 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија6 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет6 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет7 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет8 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет8 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет18 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион20 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие