Регион
ЕУ се прашува зошто Вулин толку често патува во Москва
Одржувањето блиски врски со Русија не е во согласност со принципите на процесот на пристапување и можното членство во Европската Унија, а Србија треба да се воздржи од одржување и интензивирање на односите со Москва, изјави портпаролот на Комисијата за надворешна политика, Петер Стано.
„Мислам дека сите ги знаат принципите на процесот на пристапување и можното членство во ЕУ, а тоа секако е неодржување врски со Русија како ништо да не се случува бидејќи Русија под водство на Путин ги крши Повелбата на ОН и меѓународното право и ги напаѓа сите принципи и вредности врз кои е изградена Европската Унија“, рече Стано.
Тоа беше неговиот одговор на новинарско прашање за коментирање на вчерашната посета на Русија на српскиот премиер Александар Вулин и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Вулин вчера во Владивосток се сретна со Путин кому му порача дека Србија не е само стратешки партнер на Русија, туку и нејзин сојузник и дека Белград никогаш нема да воведе санкции против Русија, ниту Србија ќе стане членка на НАТО.
Стано додаде дека не е сосема сигурно во чие име зборува Вулин имајќи предвид дека Србија аплицирала за членство во ЕУ, води преговори за пристап, а претседателот и другите членови на српската влада постојано потврдуваат дека членството во ЕУ е стратешка цел на Србија. .
„Очекуваме сите членови на српската влада да ги почитуваат обврските што Србија доброволно ги презеде кога станува збор за пристапување во ЕУ, што вклучува усогласување со надворешната политика на ЕУ. Уште еднаш повторувам дека одржувањето, па дури и зајакнувањето на врските со Русија, не е во согласност со вредностите на ЕУ и процесот на пристапување“, рече Стано.
Тој додаде дека ЕУ со загриженост ги забележува изјавите на Вулин и дека фактот што Вулин толку често ја посетува Москва, а ретко е поканет во ЕУ, кажува многу.
Србија е единствената земја кандидат што одбива да се усогласи со надворешната политика на ЕУ кон Русија вклучувајќи ги и санкциите воведени против Москва по инвазијата на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.