Контакт

Регион

Забрането капење на плажа во Дубровник поради квалитетот на водата

Објавено пред

Инспекторатот за заштита на животната средина го забрани капењето на плажата Доње Чело на островот Колочеп во близина на Дубровник поради незадоволителни микробиолошки параметри, според „Индекс.хр“.

Вчера инспекцијата изврши инспекциски надзор во Дубровник по повод пријавувањето и доставените извештаи од Институтот за јавно здравје на Дубровско-неретванската жупанија за дополнително испитување на таа плажа.

По анализата, на приодот кон плажата беше официјално објавено дека капењето е забрането.

Ова е веќе трета плажа во Дубровник, која е затворена во оваа туристичка сезона поради загадување со фекални води.

Регион

Вучиќ одликуван со Златен медал за заслуги на градот Атина

Објавено пред

Претседателот на Србија се состана со градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој му врачи Златен медал за заслуги на градот Атина.

Бакојани истакна дека Златниот медал што му го доделил на претседателот на Србија е признание за неговиот придонес во големото пријателство што ги поврзува српскиот и грчкиот народ, како и знак на почит кон неговата личност.

Во рамки на дводневната посета на Грција, тој се сретна и со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос  на кого му се заблагодари за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за европскиот пат на Србија истакнувајќи дека Србија ќе го поддржи територијалниот интегритет на Грција и нема да го промени својот став за Кипар.

Вучиќ истакна дека Србија и Грција на политички план се поддржуваат во сите меѓународни организации и институции, додавајќи дека двата народа секогаш биле рамо до рамо кога им било најтешко.

Прикажи повеќе...

Регион

Три земјотреси во Албанија за два часа

Објавено пред

Албанија денеска ја погодија три земјотреси во периодот од 10 до 12 часот предизвикувајќи паника кај населението. Двата земјотреса биле со јачина од 3,5 степени според Рихтер, а третиот бил послаб.

Епицентрите на земјотресите биле недалеку од Тирана, а земјотресот бил почувствуван и во Драч.

Првичните извештаи од местото на настанот велат дека немало материјална штета, но луѓето во паника ги напуштиле своите домови.

Прикажи повеќе...

Регион

Опаѓа бројот на населението во Грција

Објавено пред

До 2050 година се очекува населението во Грција да опадне на осум милиони жители.

Станува збор за негативна демографска тенденција во оваа земја, која почна во 2011 година кога првпат од 1944 година е забележана негативна стапка на природен прираст, пренесува атинскиот весник „Катимерини“.

„Врз основа на конзервативно сценарио, до 2050 година се очекува населението на Грција да се спушти на осум милиони“, рече основачот и претседател на невладината организација „Хоп генезис“, Стефанос Чандакас, за време на собирот во Институтот за јавно здравје на Американскиот колеџ во Атина.

Во моментот Грција има нешто повеќе од 10 милиони жители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија3 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија3 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија3 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија3 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија3 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет4 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет4 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет4 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет6 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија16 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион20 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ21 час

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија21 час

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија1 ден

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион1 ден

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт1 ден

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет1 ден

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија1 ден

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Досие