Регион
Задолжителен 7-дневен карантин во Грција за сите патници, освен за вакцинираните Израелци

Сите патници кои влегуваат во Грција од која било странска земја, вклучително и земјите-членки на Европската унија, ќе подлежат на задолжителен карантин во времетраење од 7 дена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Доколку тие престојуваат во Грција помалку од 7 дена, карантинот ќе трае за целиот период додека се во земјата, односно до нивното заминување.
Покрај тоа, неопходна е потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес.
Сите вакцинирани израелски патници ќе влегуваат во Грција без карантин.
Од друга страна, за патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен тест по пристигнувањето, седумдневен карантин и уште еден ПЦР тест по завршувањето на карантинот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија 3.572 нови случаја на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.572 нови случаја на коронавирус, а 35 лица починаа. Направени се 16.116 теста.
Во последните денови во Србија се забележува пад на бројот на нови случаи, вчера беа отворени трговските центри, а набргу учениците ќе се вратат во училиштата.
Во текот на неделата кризниот штаб треба да донесе одлука за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти.
Сепак, многу забрани остануваат во сила, како што е забраната за собирање повеќе од пет лица.
Регион
Грчките острови ќе бидат поврзани со копното со хидроавиони

Воздухопловната компанија Grecian Air Seaplanes најави дека ќе воведе летови со хидроавиони во септември за подобро поврзување на островите со копното откако пристаништата добија дозволи за овој вид транспорт.
Во почетната фаза флотата ќе вклучува три хидроавиони со 19 седишта, кои ќе летаат од пристаништата на Јонското Море, а со текот на времето нивниот број треба да се зголеми.
Хидроавионите може да функционираат како дополнување на другите превозни средства, вклучувајќи траекти и стандардни авиони, а исто така може да се користат за чартер-летови, медицински превоз и товарни услуги, истакнува „Ројтерс“.
Грција има вовлечено крајбрежје од 16.000 километри, кое е идеално за услуги со хидроавиони. Превозниците може да го подобрат пристапот до многу туристички дестинации и слабо поврзани острови, што би го зајакнало туризмот.
Компанијата соопшти дека планира да ги прошири деловните активности паралелно со издавање лиценци на пристаништата на островите во Јонското Море, вклучувајќи ги Крит, Киклади, Споради и Додеканези.
Регион
Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна, нема што да се менува

Позицијата на Европската Унија е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите, нема ништо што треба да се промени, рече денес портпаролот на Европската комисија, Пeтeр Стано, одговарајќи на новинарско прашање за наводниот нон-пејпер, документ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, според некои медиуми, тој веќе го има испратено во Брисел.
Европската комисија соопшти дека тие не знаеле за ваков документ и дека медиумите треба да ги контактираат словенечките партнери или Европскиот совет, до чиј претседател наводно бил испратен документот, пишуваат агенциите.
„Не сме примиле, виделе или знаеле за таков нон-пејпер, па затоа нема да коментирам нешто што е претпоставена тема на тој документ и за кое велите дека се граници“, рече Стано на брифинг со новинарите.
„Овде нема што да се смени. Позицијата на ЕУ е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите. Нема ништо што треба да се смени тука. Треба да работиме на регионална соработка, помирување, тоа е логиката на процесот на пристапување“, рече Стано додавајќи дека сите можни отворени прашања меѓу земјите во регионот треба да се решат во процес што не навлегува во опасни зони придржувајќи се кон до законите и принципите на ЕУ.
Самиот Јанша ги негира обвинувањата велејќи дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека било тешко да му предаде што и да било во февруари или март годинава.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш