Контакт

Регион

Закани до грчки пратеници поради договорот за името, покрената е истрага

Објавено пред

Обвинител од грчкиот врховен суд наложи започнување на истрага поради закани кон пратениците од десничарската партија „Независни Грци“, кои преку пораки се повикувале да не гласаат за преспанскиот договор.

Налогот за почетокот на истрагата е издаден откако два грчки сајтови објавија дека пратениците добиле заканувачки текстуални пораки во кои од нив се бара да гласаат против договорот за промена на името, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани судски извори.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ ќе ги помилува сите уапсени на протестите, освен оние што извршиле насилство

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ги помилува сите уапсени учесници на антивладините протести што се одржаа во саботата, освен оние што извршиле насилство.

„Оние што ќе побараат помилување, ќе бидат ослободени“, изјавил висок извор од кабинетот на Вучиќ за „Блиц“.

Српскиот весник на својата интернет-страница објави дека помилувањето се однесува на сите, освен на лицата што во зградата на Радио-телевизија Србија влегоа со моторна пила и им се закануваа на новинарите. Нема да бидат помилувани ниту лицата што нападнале полицајци пред претседателството на Србија.

„Танјуг“ објави дека Вучиќ побарал сите учесници на протестот што добиле прекршочни казни поради насилниот упад во РТС и во текот на протестот пред претседателството на Србија да бидат помилувани.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во туристичкиот слоган на Албанија вметната референца од филмот „96 часа“

Објавено пред

Во слоганот на албанската туристичка агенција Be taken by Albania многумина ја препознаа референцата од филмот „96 часа“ (Taken), во кој Лијам Нисон го толкува поранешниот агент на ЦИА, чија ќерка е киднапирана од албанските  трговци на луѓе.

Албанците не само што упатуваат на филмот намерно, туку преку видео му се обратија директно на Нисон, кој беше поканет да ја посети нивната земја. На снимката му објаснуваат на Нисон што сè ќе го маѓепса (игра на зборови –  taken by Albania) во Албанија, а меѓу другите, му се обрати и министерот за туризам.

 

Во кампањата признаа дека се свесни оти Албанија во популарната култура е прикажана како рај за бандити, криминалци и мафијаши, но наведуваат дека тоа е сосема неточно.

Албанија е опишана како прекрасно и неверојатно безбедно место за посета и живеење. „Затоа и ја почнавме оваа кампања со цел лично да го поканиме познатиот актер од филмот, г. Лијам Нисон“, објаснија тие.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени. И додека некои забележаа дека го ценат нивното чувство за хумор, други не можеа да поверуваат дека ова е навистина официјално туристичко рекламирање на земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија за два дена уапсени 18 демонстранти

Објавено пред

Српската полиција во текот на дводневните протести во Белград во текот на викендот уапси вкупно 18 лица, девет за кршење на Законот за јавниот ред и осум поради сторени кривични дела, соопшти денеска директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.

Тој за Радиотелевизија Србија (РТС) рече дека три лица се задржани поради сомнеж дека насилно влегле во РТС, се заканувале со моторна пила, скршиле стакло и се однесувале невнимателно кон вработените во јавниот ТВ-сервис и полицијата.

Судот за прекршоци по итна постапка веќе процесуира седум лица, шестмина се осудени на 30 дена затвор, едно лице со парична казна, а против двајца ќе се води кривична постапка во редовна процедура.

Меѓу уапсените за кривични дела шестмина се осомничени за насилно однесување на јавен собир, три лица се во процедура на полициски притвор и против три лица се води постапка во редовна процедура.

По повод вчерашното барање на опозициските лидери да се „ослободат децата”, шефот на полицијата истакна дека според српските закони деца се лица на возраст под 14 години и дека голем број уапсени имаат повеќе од 20 години, а некои се 40-годишници.

Меѓу уапсените се и раперите Миљан Чичиќ и Милан Пернат, кои настапуваат под името Движење на обединети фантоми (PUF), тие пишуваат и пеат сатирични стихови, песни и пародии и изведуваат шеговити и иронични настапи на улица.

На протестите „1 од 5 милиони евра” се појавуваат со фантомки и маскирни униформи, изведувајќи улични перформанси чија тема е еден од настаните помеѓу два протести, а реквизит оваа сабота им беше моторна пила и отсечена гранка, како алузија на масовното сечење дрва во заштитена зона на историскиот споменик Калемегданска тврдина, на која градската власт планира да изгради жичница.

Белградските медиуми и таблоиди блиски до претседателот Александар Вучиќ и директорот на РТС, Драган Бујошевиќ, во своето јавно обраќање по упадот на демонстрантите во РТС, моторната пила на двајцата рапери и изведувачи ја карактеризираа како средство за закана и насилство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ14 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија15 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет16 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет18 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие