Контакт

Регион

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Објавено пред

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија.

Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај Игуменица, полициската патрола открила 145 килограми во напуштен автомобил, по што било утврдено дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио-Евосму, соопшти грчката полиција.

Од полицијата додаваат дека  во тек е истрга за отркивање на крадците на возилото и нарко шверцерите.

Во вториот случај кој се случил во близина на Арта,   бил запрен автомобил кој доаѓал од правец на зелениот граничен појас. Во возилото имало 100 пакети со 102 килограма марихуана.

По проверката и пронаоѓањето на марихуаната од страна на полицијата  уапсена била една жена на возраст од 52 години од Грција, која управувала возилото кое било во сопственост на 29 годишен Грк по кого полицијата сеуште трага.

Регион

Уапсени четири лица за грабежот на пет милиони евра на аеродромот во Тирана

Објавено пред

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана. Во соопштението се наведува дека три лица биле уапсени во Елбасан, додека четвртиот осомничен е пронајден во Кроја.

Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија, објави „Танјуг“. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

Прикажи повеќе...

Регион

Марихуана лебдeше во морето кај Пула

Објавено пред

Полицијата пронајде и собра од површината на морето неколку килограми марихуана кај ривата во Пула, објави портпаролката на полицијата, Сузана Сокач.

Дрогата беше пронајдена во неделата околу 16 часот по дојавувањето дека зелената материја слична на марихуана е забележана во морето, објави ХИНА.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците извадија неопределено количество марихуана од морето, кое треба да се суши и мери. Сè додека не се исуши, точната количина марихуана нема да биде позната, но сигурно е дека се работи за неколку килограми влажна марихуана“, додаде таа.

ХИНА вели дека во моментот не е познато како дрогата се нашла во морето и дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Пожар во фабрика за хартија во Хрватска

Објавено пред

Во фабриката за хартија „Екопапир“, во местото Гола, во близина на Копривница, синоќа избувна голем пожар.

Повеќе десетици пожарникари со часови се бореа со огнот, а рано изутрината пожарот беше ставен под контрола иако поголемиот дел од фабриката сè уште гореше, според „Индекс.цом“.

„Главниот дел од погонот е изгорен, но е обезбеден. Пожарникарите добро го сочуваа делот во кој се боите и лепилата. Продолжуваме со производството во друг погон“, рече сопственикот на „Екопапир“, Дарко Матошиќ, кој заедно со своите вработени дошол во фабриката веднаш штом слушнал што се случувало.

„Екопапир“ се занимава со производството на хартиени кеси и украсна хартија, а повеќето од производите се извезуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините....

Европа8 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20199 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет10 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201911 час

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201913 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201914 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201915 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет16 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ16 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201918 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет18 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ18 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести18 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие