Контакт

Регион

Захарова: Прашањето за решавање на косовскиот проблем се оддолжува

Објавено пред

Прашањето за решавање на косовскиот проблем е постојано пролонгирано, додека прашањето за одговорноста на НАТО за нанесената штета на системот за меѓународни односи и граѓаните на поранешна Југославија останува отворено до денес, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

По повод годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО на 24 март 1999 година, таа истакна дека воената операција на НАТО против суверена Југославија, пред повеќе од 20 години, стана трагедија, чии долгорочни и разни последици сè уште се се чувствува денес, пренесуваат руските агенции.

„Една од главните лекции, што беше потврдена со трајно запрениот процес на решавање на косовскиот проблем е дека беззаконието и самоволието не можат да решат ниту една задача, туку само можат да ја влошат ситуацијата“, потенцираше Захарова.

Таа истакна дека прашањето за одговорноста на северноатлантските сојузници за штетата што им ја нанесоа во меѓународните односи и на одредена земја, останува отворено.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бајден ѝ честита на Вјоса Османи, верува во реципрочно признавање на Белград и Приштина

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ го честиташе изборот на Вјоси Османи за претседателка на Косово, со порака дека двете земји негуваат долго партнерство засновано врз истите вредности.

Во писмото на претседателот Бајден се наведува  дека САД го поддржуваат продолжувањето на дијалогот со Србија.

„САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите за обезбедување траен мир и продуктивен дијалог меѓу Косово и Србија и на крајот сеопфатен договор за нормализација, за кој веруваме дека треба да се фокусира на меѓусебно признавање“, се вели во соопштението на косовското претседателство.

Во писмото, Бајден исто така изјави дека со претседателката Османи ќе работи на зајакнување на владеењето на правото, борба против корупцијата, заштита на правата на малцинствата и верските заедници и закрепнување од последиците од пандемијата на Ковид-19 и економскиот развој, како и на обезбедување одржлива енергетска иднина.

Исто така се додава дека Бајден одговорил и на барањето на претседателката Османи САД да му помогнат на Косово со вакцините, пренесува РСЕ.

„Претседателот Бајден истакна дека со зголемувањето на количината на вакцини, САД ќе работат со партнери за нивна дистрибуција и дека неговиот тим ќе биде во контакт со претседателката Османи за да се постигне таа цел“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Регион

Афера во Србија: Првиот човек на Јагодина обвинет за подведување девојчиња

Објавено пред

Српскиот политичар Драган Марковиќ Палма, претседател на Собранието на градот Јагодина, се најде во центарот на скандалот што беше една од главните теми во Србија во последните неколку дена.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, го обвини првиот човек на Јагодина за подведување жени и девојчиња заедно со неговите коалициски партнери.

„Подведувањето жени и девојчиња не оди само со мафијата. Тие се речиси секојдневни во нашата Србија. Денес знам дека подведувањето жени и девојчиња е секојдневие во Јагодина, каде што владее Драган Марковиќ Палма”, рече Тепиќ на прес-конференцијата, пренесува порталот Нова.рс.

Тепиќ покажа и снимка од сведочењето на човек кој наводно бил упатен во случајот на подведување.

„По посетата на Мариника на Јагодина, како маж и родител кој знае што се случува, решив да ѝ кажам за тој дел од мојата работа за Марковиќ. Не можам да кажам господин затоа што тоа сигурно не е. Работев во хотелот Кончарево, а знаеме кој стои зад измислениот сопственик на тој хотел. Тоа е хотел на Марковиќ“, вели наводниот сведок, а потоа објаснува што се случувало во споменатиот објект.

„По разни забави на кои пееја нашите естрадни sвезди, девојчињата беа донесени со такси од Белград преку разни луѓе. Според моето слободно верување, тие беа на возраст од 15 до 18 години.

Луѓето кои доаѓаа со него беа негови коалициски и деловни партнери. Познато беше дека по ваквите забави овие девојки одат со него или со нив. Најчесто тоа е откако ќе ги напиеја девојчињата. Неговите хостеси ги убедуваа девојчињата дека ништо нема да им биде, дека сè ќе биде добро. И верувам дека тоа се трауми за тие деца“, рече тој.

Набргу по обвинувањата, се огласи и самиот Палма Марковиќ.

„Лажете, лажете, лажете. Наскоро ќе испратиме изјава“, рече кратко Марковиќ, а потоа испрати изјава во која има серија обвиненија против Тепиќ, која го обвини за подведување.

Вишото јавно обвинителство во Јагодина денес формираше предмет во врска со наводите на Мариника Тепиќ на вчерашната прес-конференција, како и барањето поднесено до обвинителството од претседателот на општинското собрание на Јагодина,  Драган Марковиќ Палма, за да се утврдат сите околности.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанија oд денеска воведе двонеделен карантин за сите патници од Северна Македонија и Грција

Објавено пред

Патниците од Грција и Северна Македонија од деднеска ќе мора да седат во карантин во траење од 14 дена по влез во Албанија.

„Ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е една ситуација што не е иста како во нашата земја. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Мерката ќе биде на сила до 3 мај.

Според најавите, во следните денови во Албанија ќе пристигнат 200.000 дози вакцини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија2 часа

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија2 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа3 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет4 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија6 часа

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија17 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа17 часа

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија18 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа21 час

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија21 час

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија22 часа

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија23 часа

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија1 ден

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија1 ден

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион1 ден

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија1 ден

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа1 ден

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет2 дена

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Досие