Регион
Захарова: Југословенско сценарио е планот на Британија да испрати гранати со осиромашен ураниум во Киев

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска ги нарече плановите на Велика Британија за пренос на гранати со осиромашен ураниум во Украина како „југословенско сценарио“.
„Југословенско сценарио. Овие гранати не само што убиваат, туку и ја заразуваат животната средина и предизвикуваат онколошки заболувања кај луѓето кои живеат во овие области“, напиша Захарова на „Телеграм“.
Таа оцени дека „наивно е да се верува дека жртви ќе станат само оние против кои ќе се користи“.
„Прво, војниците на НАТО, особено Италијанците, загинаа во Југославија. Потоа долго време се обидуваа да добијат отштета од НАТО за изгубеното здравје, но нивните барања беа одбиени. Кога ќе се разбудат во Украина? Не говорам за зависниците во Киев, туку за ониекои се’ уште се способни да размислуваат. Нивните добродетели ги трујат“, рече Захарова, а пренесе „Спутник“.
Шефот на руската делегација на преговорите во Виена за прашањата за воената безбедност и контролата на вооружувањето, Константин Гаврилов, изјави дека во случај да му се достави муниција со осиромашен ураниум во Киев, Москва соодветно ќе реагира и додаде дека „одлуката на британските власти е уште еден чекор кон работ на пропаст и ескалација“.
Тој посочи дека Британците со своите постапки ги доведуваат во опасност обичните Украинци и посочи дека западните војски ја користеле таа муниција за време на бомбардирањето на Југославија и за време на инвазијата на Ирак, а како последица на тоа загинале повеќе од 1,2 милиони цивили.
„Лекциите од минатото повторно не се научени“, додаде Гаврилов.
Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај снабдувањето на Украина со главни борбени тенкови Челинџер 2, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати што содржат осиромашен ураниум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Стејт департментот: Белград и Приштина да се воздржат од насилство и да се вратат на дијалогот

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американската порака до Белград и Приштина е да продолжат да се воздржуваат од насилство и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ.
Тој го кажа ова на редовниот брифинг со новинарите, а на прашањето каква порака им испраќа на Србите на Косово, со тоа што Стејт департментот не упатил сочувство до српските жртви, Милер рече дека САД постојано го изразуваат своето сочувство за жртвите на насилството.
„Мислам дека бевме прилично доследни во изразувањето на нашето сочувство до жртвите на насилство и во оваа ситуација и ширум светот, а една од пораките што ги имавме за двете страни во овој конфликт е да се воздржат од насилство и да се вратат во Дијалог со посредство на ЕУ. Тоа е сепак нашата порака“, рече тој.
Регион
Директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ поднесе оставка

В.Д. директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Анѓела Петровиќ поднесе оставка од таа функција, изјави за Euronews Србија Игор Ѓорѓевиќ, претседател на Советот на родители.
За вршител на должноста раководител на основното училиште „Владислав Рибникар“ е назначена на почетокот на јули. Таа ја смени претходната директорка на училиштето Снежана Кнежевиќ.
Ѓорѓевиќ вели дека родителите не биле задоволни од соработката со новиот директор и дека претходно побарале директор на установата да биде некој од колективот.
„Го поддржуваме изборот што го прави колективот. Ќе поддржиме кој и да избере. Се надеваме дека овој пат ќе не слушаат и дека ќе има некој од колективот“, рече Ѓорѓевиќ.
На 3 мај се случи масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и училишен чувар, а повреди шест лица.
Регион
Зголемено присуство на специјални единици на северот на Косово

Генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа денеска изјави дека косовската полиција го зголемила присуството на север и дека редовните полициски патроли се намалени.
„Го зголемивме присуството и будноста околу граничниот појас. Исто така, го зголемивме присуството на специјалната единица на косовската полиција на северот на Косово. Малку ги намаливме редовните полициски патроли бидејќи немаат таков степен на заштита да се соочат со секој можен напад“, вели Хоџа во изјава за Радио Слободна Европа.
Тој не соопшти детали колку се зајакнати капацитетите на специјалната единица, но рече дека институцијата што ја предводи е постојано во координација со мировната мисија НАТО – КФОР и со мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС).
Ново засилување на присуството на специјалните полициски сили на северот на Косово се случи по убиството на полицаецот Африм Буњаку во неделата во вооружен напад во Бањска кај Звечан.
Во акцијата што следеше беа убиени тројца напаѓачи, Срби од Косово, а повеќе беа уапсени.
На тројца од уапсените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека четворица се ослободени поради, како што соопшти Специјалното обвинителство на Косово, немање докази.
Запленет е арсенал оружје, додека неколку напаѓачи избегале и, според приштинските медиуми, се лекуваат во болниците во Србија.