Регион
За вакцинирање се пријавиле 51 пратеник во хрватскиот парламент

Една третина, односно 51 пратеник во хрватскиот Сабор се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19.
Пратениците ќе бидат вакцинирани во понеделник во 13 часот, објави „Индекс.хр“.
Според официјални податоци од парламентот, 36 од вкупно 151 пратеник веќе се заразиле со коронавирус, а 25 од нив биле во самоизолација, односно имале контакт со заболен.
Земајќи го предвид бројот на пратеници кои го прележале вирусот и бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, може да се заклучи дека повеќе од половина од пратениците ќе бидат заштитени од инфекција со коронавирус, пишува порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мира Фурлан починала од западно-нилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западно-нилска треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста во САД, каде што живееше од 90-те години.
Информацијата ја пренесоа хрватските медиуми кои се повикуваат на блиска личност од нејзиното семејство. Засега нема официјана потврда.
Утрово беше објавено дека Мира Фурлан починала во средата. Режисерот на „Бабилон 5“, Мајкл Страчински објави дека екипата од серијата веќе подолго време знаела дека на Фурлан и е нарушено здравјето.
Регион
Почина актерката Мира Фурлан

Синоќа, во САД почина славната југословенска актерка Мира Фурлан на 65-годишна возраст. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година.
Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 80-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа таа постигна исклучително успешни филмски улоги, како оние во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдоjак, „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ, филмот „Убавината на порокот“ (1986) на Живко Николиќ и други.
На почетокот на распадот на Југославија, Фурлан замина во Америка, каде што исто така продолжи да игра значајни улоги. Најзначајните и секако најпопуларни достигнувања во кои таа играше улоги се планетарно популарните телевизиски серии Babylon 5 и „Изгубени“.
Фурлан беше интелектуалец кој го искажа својот критички став кон лудилото што се случи на нашите простори во 90-тите години на минатиот век, укажа на опасностите на национализмот и омразата што произлегува од него, но исто така прецизно ги демаскира сите ужаси што се случуваат во светот околу нас.
„Ова е ноќ на голема тага бидејќи нашата пријателка тргна по патот каде штпо не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите работи, ние ќе го стигнеме тоа со текот на времето и верувам дека ќе има многу приказни и многу нови улоги што треба да ги споделиме со универзумот “, рече Мајкл Страчински, автор на научнофантастичната серија Babylon 5.
Регион
Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна

Топовска граната останата од Првата светска војна убила 64-годишен маж во селото Воглар кај Нова Горица во западна Словенија, во близина на границата со Италија.
Според локалната полиција, несреќата се случила вчера околу 14:30 часот при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.
Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.
Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопшти полицијата од Нова Горица.
Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.
На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот