Контакт

Регион

Земјотрес во Атина

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја стресе денеска Атина.

Институтот за геодинамика на атинската национална опсерваторија објави дека потресот се почувствувал ширум регионот на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во морето, на 30 километри североисточно од Атина на длабочина од 15 километри.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Грчката агенција „АНА“ нагласува дека станува збор за послаб потрес.

Регион

Меркел ќе го поттикне почнувањето на преговорите со Скопје и Тирана во март

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе го поттикне почнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ на самитот во Минхен во март.

„Пред сè, сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот совет во март за почнување на пристапните преговори со Албанија, како и со Северна Македонија“, рече Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе „Ројтерс“.

Таа додаде дека и двете држави постигнале многу.

„Сега ќе работиме уште повеќе за да ги постигнеме посакуваните резултати во март“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Регион

Кинеските туристи од Вухан денеска ќе пристигнат во Сараево

Објавено пред

Кинеските туристи од градот Вухан, од каде што се појави смртоносниот коронавирус, преноќија во Неум и денеска ќе стигнат во Сараево, потврдиле од Министерството за здравство на Босна и Херцеговина.

„Тие преноќија во Неум и денеска во текот на денот ќе стигнат во Сараево каде ќе преспијат и утре ќе ја напуштат Босна и Херцеговина. Ги преземаме сите мерки кои се спроведуваат и во другите европски земји. Нема никакви рестрикции во однос на патувањата, протокот на стока и луѓе е слободен“, рекол за Н1 портпаролот на Министерството, Златан Першиќ.

Додал дека вчера, пред да влезе групата во БиХ, на граничниот премин биле спроведени сите мерки.

„Мерките подразбираат дека луѓето кои доаѓаат од Вухан се информирани и добиваат упатства што да прават ако добијат некои од симптомите на болеста. Тие се исти мерки кои се преземаат и во другите земји. На граничниот премин вчера е спроведено сè што треба и никој ги нема симптомите на болеста“, рекол Першиќ.

Кинеските туристи во БиХ стигнаа од Хрватска. Тие поминале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста. По Сараево, тие ќе патуваат за Белград во Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

Премиерот на Словенија поднесе оставка, бара избори

Објавено пред

Словенечкиот премиер Марјан Шарец најави дека ќе си даде оставка од функцијата.

Според СТА, Шарец рекол дека со малцинската коалиција не може да го постигне сето она што имал намера да го направи и повикал на предвремени избори.

„Со таква коалиција и ваква ситуација во парламентот, не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Јас ќе можам да го сторам тоа по изборите“, изјавил Шарец на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“. Тој рекол дека неговата малцинска влада не може да спроведува важни закони.

Претходно поднесе оставка словенечкиот министер за финансии, Андреј Бертонцељ, при што СТА наведува дека можна причина е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет3 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет1 ден

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион1 ден

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Досие