Регион
Земјотрес и во Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,5 степени утрово околу пет часот ја погоди Босна и Херцеговина.
На него му претходеше земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, кој се случи нешто по три часот наутро.
Според првите информации, епицентарот на земјотресот е на 27 километри североисточно од Требиње.
Според корисниците на веб-страницата на ЕМСЦ, во Сараево е почувствуван благ, но долг потрес, додека во Зеница, потреси придружени со силен звук.
Околу пет часот наутро потрес на земја имало во Црна Гора, во близина на границата со БиХ, а земјотресот бил два степени по Рихтеровата скала, а почувствуван е и во Требиње и Билеќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска министерка ја нападна Хрватска пред Советот за безбедност на ОН
Пред Советот за безбедност на ОН беше доставен полугодишен извештај за работата на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, тело формирано да ја заврши работата на Меѓународните кривични судови за Руанда и поранешна Југославија. Извештајот го презентираа претседателката на Механизмот Грасиела Гати Сантана и обвинителот Серж Брамерц.
Како што јави ХРТ, судијата Гати Сантана го истакна случајот на Јојиќ и Радета, кој се смета за еден од најсериозните примери на несоработка. И покрај барањата, Србија не ги уапси ниту ги префрли во Хаг обвинетите за заплашување сведоци во постапката против Воислав Шешељ.
Обвинителот Брамерц најави дека случајот против Шешељ наскоро се очекува да биде префрлен во Србија на судење пред националниот суд. Тој, исто така, предупреди дека некои земји продолжуваат да им даваат засолниште на осомничените за воени злосторства за да избегнат гонење. Оваа година, неговата канцеларија прими повеќе од 400 барања за помош од националните судови во гонењето на злосторствата извршени во Руанда и поранешна Југославија.
Членовите на Советот за безбедност, освен Русија, најмногу ја пофалија работата на Механизмот. Меѓутоа, Русија го критикува Механизмот, обвинувајќи го за пристрасност и селективност на штета на Србија и бара негово укинување.
Српската министерка за правда Маја Поповиќ во своето обраќање ги критикуваше Хрватска и Босна и Херцеговина. Таа ја обвини Хрватска дека само ги гони Србите за воени злосторства, додека злосторствата против Србите остануваат неказнети. Таа упати слични обвинувања за Босна и Херцеговина. Таа, исто така, го доведе во прашање именувањето на аеродромот во Загреб по Фрањо Туѓман и додаде дека одговорните за воените злосторства како Насер Ориќ и Анте Готовина се на слобода.
Хрватскиот амбасадор во ОН, Иван Шимоновиќ, остро одговори, посочувајќи ја разликата меѓу Фрањо Туѓман, „кој ја бранеше својата земја од агресорите“, и Слободан Милошевиќ и неговите следбеници, одговорни за агресијата врз Хрватска, БиХ и Косово.
Регион
Дете тешко повредено додека изведувало предизвик на „Тик-ток“ во Бања Лука
Во полицијата во Бања Лука било пријавено дека едно дете е тешко повредено по предизвик кој се проширил на социјалната мрежа „Тик-ток“. Според медиумите, станува збор за „Супермен предизвик“ во кој две деца го фрлаат третото дете во воздух.
Полицијата соопшти дека тешко повреденото дете во Бања Лука не е во животна опасност. Во исто време, вниманието беше свртено кон родителите/старателите да се грижат што гледаат нивните деца на „Тик-ток“.
Медиумите потсетуваат дека „Супермен предизвикот“ е забележан и кај децата во Србија, а она што е спорно во врска со него е начинот на кој се изведува и ризикот од сериозни последици што може да ги предизвика, што често доведува до скршеници на зглобовите.
Посебната опасност со овој „предизвик“ е всушност тоа што ако две лица, кои се задолжени да го прифатат третиот, не го сторат тоа во вистински момент, можат да го пуштат да падне на подот, па и самите креатори на оваа содржина предупредија дека учеството во оваа активност може да доведе до сериозно повредување на еден од актерите.
Регион
Девојче паднало од прозорец во Нови Сад
Единаесетгодишно девојче почина синоќа во новосадска населба, откако паднало од прозорец, пренесуваат медиумите во соседството.
Се се случило околу 21 часот, а детето на плочникот во дворот на зградата го пронашол случаен минувач, кој повикал полиција.
Според написите, се претпоставува дека девојчето излегло низ таванскиот прозор и паднала или скокнала на плочникот.
Наредена е обдукција, пишуваат тамошните медиуми.