Регион
Земјотрес од 3,4 степени ја стресе Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала синоќа околу 22:02 часот ја погоди пошироката област на Херцеговина.
Локацијата на земјотресот била во близина на Невесиње на длабочина од околу два километри, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита.Нема информации за евентуална материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Грција спасени 125 мигранти од морето

Грчката крајбрежна стража спаси 125 мигранти и бегалци од морето во последните 24 часа, соопштија властите.
Мигрантите, како што се наведува, биле пронајдени во регионите на Александрополис, Лезбос и Кос.
Исто така, 247 други мигранти се распоредени на пет грчки острови, но не се наведени детали, пренесува агенцијата АНА.
Регион
Чудо во Црна Гора, иконата на Богородица пушти солзи

Копија од иконата на пеќската Богородица, сместена во храмот „Свети Јован“ во Бар, веќе подолго време мироточела, а синоќа, според фотографијата што кружи на социјалните медиуми, таа заплакала.
ЧУДО У ЦРНОЈ ГОРИ!
Копија Пећке Богородице у храму Светог Јована Владимира у Бару, усликна прије 30-так мин. pic.twitter.com/idZQEZJDAJ
— Milos Peric (@MilosPeric1244) December 12, 2019
Оригиналната икона на пеќската Богородица се наоѓа во Пеќската патријаршија и се смета за многу чудотворна на која луѓето со векови доаѓаат да ѝ се поклонат.
Оваа света икона била во рацете на свети Сава.
Регион
Франција ќе прими 400 мигранти од Грција

Франција следните месеци ќе прими 400 мигранти, кои поднеле барање за азил во Грција, изјави францускиот амбасадор во Атина, пренесе АНА.
„Сакаме да ѝ помогнеме на Грција, која се соочува со зголемен прилив на мигранти во последните месеци“, изјави амбасадорот Патрик Мезонав.
Грција изминатава година повторно стана прва земја во ЕУ во која пристигнуваат мигранти.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми