Контакт

Регион

Земјотрес со јачина од 3,4 степени регистриран во Грција, а почувствуван и во Македонија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу 20:00 часот во Грција.

Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, односно потресот бил почувствуван во Охридскиот Регион.

Бил на длабочина од 1 километар. Епицентарот бил на 26 километри оддалеченост од Ресен и на 9 километри оддалеченост од Крани.

Регион

Границата се отвори, Хрватите побрзаа на шопинг во Србија

Објавено пред

„Бидејќи Србија ја отвори границата, Хрватите можат да патуваат таму и назад без пречки и без ограничувања, а Славонците почнаа да ја користат таа можност и почнаа да купуваат основни намирници во поевтините српски продавници“, се вели во репортажата на хрватската телевизија РТЛ.

Хрватите можат да патуваат во Србија под скоро исти услови како пред 12 март, кога границата беше затворена. Во Србија влегуваат само со лична карта, без тест на Ковид-19 и што е најважно, без задолжителна изолација од 14 дена.

Најчесто се купува тутун, кој е поскап за третина во Хрватска.

Една кутија цигари по човек може да се донесе во Хрватска. Од алкохолни пијалаци може да се пренесе еден литар жесток алкохол и 16 литри пиво. Во исто време, на хрватските граѓани им се советува да го „прескокнат“ купувањето свежо месо, сувомесни производи и храна за домашни миленици, затоа што тоа нема да можат да го внесат во Хрватска.

Како што е наведено во извештајот, за 100 куни, или 1.500 динари, можете да купите четири големи пакувања кафе.

Жителка на Осиек, Снежана вели дека во Србија оди за да купи лекови, сокови, се што е поповолно во Србија.

„На едно одење може да се заштедат околу 300, 400 куни (39 до 52 евра)“, вели таа.

„Исто така, нема застој при повторното влегување во Хрватска. Сè што ве чека на хрватската граница е СМС-порака со забелешка дека доколку се сомневате на инфекција, контактирајте го центарот 112 и леток што ќе ви го даде царински службеник во кој пишува дека да ги намалите контактите со другите луѓе во наредните 14 дена. Нема самоизолација“, се заклучува во репортажата на РТЛ.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

Објавено пред

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан Марковиќ.

„Ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број гледачи на спортски настани, со соодветни мерки“, рече Марковиќ.

Само во Белорусија е дозволена публика за време на натпревари, а другите лиги, кои продолжија неодамна, ќе се играат без публика на стадионите.

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, вчера соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и прва во Европа го искорени вирусот.

„Во деновите што следуваат одговорното однесување и заедничката грижа за здравјето се наш адут да продолжиме да бидеме горди носители на титулата ‘корона фри’ држава, која покажа дека знае да се соочи и да се бори со опасен непријател, кој ја покори целата планета“, рече Храповиќ.

Во земјата нема потврдени нови случаи веќе 20 дена по ред.

Од избувнувањето на епидемијата се разболеле 324 лица, од кои 315 закрепнале, а деветмина починале.

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Објавено пред

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1 јуни, српските медиуми остро ја нападнаа црногорската влада, а српската премиерка, Ана Брнабиќ, го повика народот на Србија да не летува во Црна Гора.

Во понеделникот црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, објави дека Црна Гора ќе ги отвори своите граници за земји со помалку од 25 заразени лица на 100.000 жители вклучувајќи ги и Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција.

Повеќето црногорски медиуми пренесоа изјава на Брнабиќ, каде што таа за „Пинк“ вели дека српските граѓани сега може да видат оти се непожелни во Црна Гора.

„Овој став на црногорскиот премиер им испрати јасна порака на граѓаните. Би ги замолила граѓаните да останат во нашата Србија што е можно подолго и во поголем број и да не одат некаде каде што се непожелни“, рече Брнабиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за „Блиц“ изјави дека потегот на црногорските власти за затворање на границата кон српските граѓани е смешен и бесмислен чин и рече дека на Црна Гора ѝ штети овој потег.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови во случајот „Рекет“, обвинителката Вилма Русковска пред судот кажа дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и...

Македонија15 минути

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања тој ја отфрли можноста...

Македонија39 минути

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет1 час

СЗО го суспендира тестирањето на лекот за малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот за малaрија хидроксиклорокин кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа3 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион4 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа4 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија4 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион4 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет16 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија17 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет17 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа18 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет18 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет19 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа20 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија23 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија1 ден

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет1 ден

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион1 ден

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Досие