Контакт

Регион

Ивица Дачиќ: Земјите од регионот имаат иста иднина, треба да се држат заедно

Објавено пред

Првиот потпретседател на српската влада и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека регионот на Западен Балкан ја има истата иднина, дека треба да дејствува заедно за да се обезбеди мир и стабилност и дека младите луѓе, лишени од минатото, имаат значајна улога во обезбедувањето подобра соработка.

На конференцијата посветена на проектот „Подобрување на дијалогот и социјалната кохезија во и меѓу БиХ, Црна Гора и Србија“, спроведена од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, која го почнува годинешниот белградски Форум за безбедност, Дачиќ рече дека трите земји се пријателски расположени и дека младите луѓе, кои немаат негативен бекграунд и кои се лишени од проблемите создадени кога постојано се гледа назад, конечно, може да гледаат напред.

„Интересот на сите нас треба да биде нашите земји да соработуваат подобро, да бидеме заедно, да градиме блок“, рече Дачиќ додавајќи дека честопати се случува на состаноците во целиот свет земјите да се напаѓаат една со друга наместо да застапуваат заеднички интереси и да се поддржуваат една со друга.

„Мислам дека вие кои сте млади имате интерес регионот да биде регион на мирот и стабилноста и подобра иднина за сите“, рече тој.

Регион

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Објавено пред

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка.
Во несреќата, што се случила околу 13 часот во близина на градот Нјитра, 100 километри источно од Братислава, повредени се најмалку 20 луѓе, кои со хеликоптер веднаш се префрлени во болница.

Како што пренесуваат медиумите, пожарникарите соопштиле дека бројот на жртвите би можел да расте и дека камионот бил полн со камења.

Како што пренесува Канал Тв Новину.ск, во автобусот се наоѓале средношколци. Според извори од полицијата, во автобусот има заглавени луѓе.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини поради несреќата, која ја ,карактеризира како „ужасна трагедија“ од Кипар ќе се врати во земјата порано од предвиденото.

Во време на несреќата врнел дожд и лизгавиот коловоз се истакнува како една од можните причини за судирот.
Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Словачка во последните 10 години. Во 2009 година, во судир меѓу автобус и воз загинаа 12 лица

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ во Париз: Косово не може да стане член на УНЕСКО

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по обраќањето на 40. конференција на УНЕСКО во Париз, рече дека Косово не може да стане член на таа меѓународна организација, пренесува „Спутник“.

„Имаме добри односи со УНЕСКО и не постои никаков страв дека некој би можел да го наруши поредокот во кој само меѓународно признати земји се членки на УНЕСКО. Тоа значи дека сум уверен оти Косово не може да стане член и дека Србија во оваа многу значајна организација секогаш во иднина ќе успева да ги одбрани своите интереси“, рече Вучиќ.

УНЕСКО, според него, повторно е организација што сите ја почитуваат, што се гледа и по огромниот одѕив на земјите на оваа конференција. Тој наведе дека Србите знаат оти УНЕСКО е важена за заштита на културно-историските споменици на Косово и значајна за развојот на образованието поради своите планови, стратегии и програми.

Според Вучиќ, учестото на оваа конференција била уште една можност Србија да го заштити територијалниот интегритет и да предупреди за загрозеноста на нејзиното културно наследство на Косово, кое е под заштита на УНЕСКО.

„Тоа културно наследство и не е од важност само за српскиот идентитет, туку и за цела Европа и светот“, нагласи тој истакнувајќи дека мора да се почитува Повелбата на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечката полиција откри 730 килограми ирански хероин

Објавено пред

Словенечката полиција минатиот месец во бродски контејнер на пристаништето во Копер откри 730 килограми хероин за компанија со седиште во Будимпешта.

Во соработка со унгарските колеги успешно била завршена операцијата за следење на товарот и откривање на сторителите, објавија денеска на прес-конференција претставници на двете полиции.

Присуството на дрога во контејнерот, кој по скенирањето бил оценет како сомнителен, било откриено од полициско куче, а пратката била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленски филм. Полицијата во него открила 1.421 пакување хероин, со вкупна тежина од 730 килограми, што е најголема количина од оваа опасна дрога пронајдена во Словенија во последните 30 години.

Двете полиции откриле дека криминална група од Унгарија организирала транспорт на контејнери со дрога од Иран преку Обединетите Арапски Емирати, односно Дубаи, до пристаништето Копер, пренесе хрватски „Индекс“. Контејнерот бил наменет за унгарска компанија, беше соопштено на прес-конференцијата.

Анализата на дрогата открила дека станува збор за хероин со висока чистота, односно мешавина со 70 проценти чист хероин, што може да чини меѓу 65 и 87 милиони евра според уличните цени на европскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија21 минута

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион1 час

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија5 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија9 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија9 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија10 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија11 час

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа11 час

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија12 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија12 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија12 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет12 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет13 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија13 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт13 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија24 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион24 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие