Контакт

Регион

“Известија”: Србите нема да дозволат новиот претседател да ја дистанцира земјата од Русија

Објавено пред


 

Во Србија на 2 април ќе се одржат претседателски избори, на кои според прогнозите, победата може да ја задржи сегашниот премиер Александар Вучиќ, пишува во петокот рускиот весник “Известија”.

 

Охрабрувајќи ја политиката на интеграција со Европската унија и истовремено тесна соработка со Руската Федерација, тој ја има поддршката како на прозападниот, така и на прорускиот електорат.

 

Во случај на победа од Вучиќ неизбежно ќе се бара да се движи меѓу двете страни односно да води политика на рамнотежа помеѓу двата надворешно-политички фактори.

 

На овој начин потенцијалниот претседател на Србија ќе ја зајакне соработката со ЕУ, но со тоа сериозно ќе се спротивстави со спротивната страна на општеството, која иднината на земјата ја гледа во соработка со Москва.

 

Високите шанси за победа на Вучиќ се условени од два фактори. Тој ја поддржува идејата за влез на Србија во ЕУ, а тоа исто така го чувствуваат 47 отсто од граѓаните на земјата.

 

Покрај тоа, таквиот пристап на актуелниот премиер му гарантира поддршка и од Брисел. Во исто време сите негови изјави и дејствија зборуваат за желба за градење на блиски контакти со Русија.

 

На пример, во српските медиуми се дистрибуирани информации дека Александар Вучиќ пред изборите ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – потег кој може да му гарантира широка поддршка и од страна на српските гласачи.крај/мф/кс

Регион

Нигериец уапсен на аеродром проголтал еден килограм кокаин

Објавено пред

Од

На меѓународниот аеродром во Атина, грчката полиција уапсила Нигериец, кој проголтал 67 пакетчиња коакин, со тежина од 1,1 килограм, пренесе грчаката агенција АНА.

Според информациите, 40-годишниот маж стигнал во земјата со авион од Брисел. Како што пренесува АНА, дрогата е запленета, а Нигериецот е изведен пред суд.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ: Посетата на Вулин на Јасеновац не е добро решение

Објавено пред

Од

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека можното доаѓање на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин утре на подрачјето на Јасеновац, не би било добро решение, поради, како што рекол, неговите претходни неприфатливи изјави.

„Што се однесува на најавеното доаѓање на министерот Вулин во Хрватска, ние очекуваме секој кој доаѓа во Хрватска, да ја почитува хрватската држава, а тој, знаел за време на неговите посети да има непримерни и навредливи изјави и не сме сигурни дека во овие моменти тоа е најдоброто решение“ рекол Пленковиќ.

Хрватскиот премиер порачал дека сака на утрешната службена државна комеморација, да им се изрази почит на жртвите од усташкиот логор.
„Тоа ќе го направам како и минатата година, како претседател на владата, тоа ќе го направи и претседателот на Собранието, тоа вчера го направи и претседателката на Републиката и тука нема никакви дилеми за цврсти, недвосмислени и јасни ставови на хрватската држава и нејзините институции“ нагласил Пленковиќ.

На комеморацијата утре во Јасеновац, според Пленковиќ, повикани се Милорад Пуповац од Српскиот национален совет, Сојузот на антифашистички борци и еврејското здружение.

По повод инцидентот кој неодамна го предизвика лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ во српското собрание, Пленковиќ изјавил дека инцидентот е својствен за осуденик за воени злосторства, кој со својот чин го осквернавил симболот на хрватската држава и ја навредил делегацијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓуриќ: Србија ќе продолжи да гради станови за Србите во Северна Митровица

Објавено пред

Од

Директорот на српската канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ за време на неговиот престој во Митровица изјавил дека за четири години Србија во северниот дел на Митровица изградила 888 станови. Според приштинскиот весник „Зери“, Ѓуриќ ветил дека во текот на 2018 година ќе се градат уште четири големи згради со станови за Србите во овој град.

„Србија ќе продолжи да инвестира во северниот дел на Косово со цел Србите да останат на Косово. Белград планира инвестиции и во други сфери“ рекол Ѓуриќ, пренесува „Зери“.

За време на престојот во северниот дел на Митровица, Ѓуриќ побарал од Приштина во период од 3 и пол месеци онака како што е договорено во Брисел, да се формира Асоцијацијата на срските општини.

Ѓуриќ за неговиот престој на Косово претходно доби дозвола од косовските влести.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Македонија13 часа

Милевски до Филипче: „Немаш право да ги уценуваш родителите да ги вакцинираат децата

Претседателот на Либарално демократската партија, Горан Милевски ја критикуваше одлуката на министерот за здравство, Венко Филипче за задолжително вакцинирање на...

Македонија17 часа

(Видео) Нови вакцини против стрептокока и рота вируси

Главни приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини,...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Вакцините се најдобрата инвестиција во здравјето

Долго време Македонија беше еден од лидерите по процентот на вакцинација, за жал сега веќе не е така. Мораме напорно...

Македонија19 часа

Неказнивоста останува проблем во Македонија, се наведува во новиот извештај на Стејт департментот

Владата преземала некои мерки за истражување, гонење и казнување на претставници кои извршиле злоупотреби, вклучително полицајци виновни за употреба на...

Македонија20 часа

(Видео) Стоп за извршителите -протест на 1 мај

Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата,...

Македонија20 часа

(Видео) МВР во лов на пијани возачи во Скопје, за една ноќ казнети се 248 лица

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со...

Македонија21 час

(Видео) Ако во мај објавиме решение за името, поканата за НАТО автоматски ќе се активира, вели Заев

Имаме условена покана за НАТО и таа ќе се активира автоматски откако ќе се постигне решение за името, порача премиерот...

Македонија22 часа

(Видео) Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа

Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев во врска...

Вести23 часа

Русија: Одлуката на Северна Кореја не е доволна, потребни се возвратни мерки од САД

САД требa да преземат возвратни мерки откако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетните тестирања, смета шефот на меѓународниот комитет...

Вести1 ден

Трамп за одлуката на Северна Кореја: Ова е добра вест за целиот свет

Порака од Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања и тестирањата на интерконтинентални балистички ракети. Исто така ќе...

Вести1 ден

Пресврт во политиката на Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања

Северна Кореја соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и планира да ги затвори полигоните за...

Економија1 ден

Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

Нови проекти од областа на социјалата, инфраструктурата и поддршка на малите и средни претпријатија во фокус на Пролетните средбите на...

Македонија1 ден

(Видео) Приведената скопјанка тврди дека ја однеле во полициска станица без никаква основа

Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, вчеравечер беше приведена во Градскиот парк, на...

Македонија2 дена

(Видео) Груевски: И сведоците предложени од СЈО сведочеа во наша корист

По денешното судење во кривичниот суд за предметот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот повторно, како што...

Македонија2 дена

(Видео) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „Макфакс“ тој вели...

Македонија2 дена

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија2 дена

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија2 дена

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија2 дена

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Досие