Регион
Излезни анкети: Партијата на Борисов со најмногу гласови, Петков е втор

Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент, покажуваат најновите резултати од излезната анкета на социолошката агенција „Галуп интернешнал Балкан“ во 20 часот, пренесе БНР. бг.
Според анкетата, коалицијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори со 24,7 отсто од гласовите.
На второ место се „Промената продолжува“ на Петков со поддршка од 18,8 проценти.
Трети се Движењето за права и слободи, кои дибиваат 14,5 отсто од гласовите на гласачите.
„БСП за Бугарија“ е на четвртото место. Поддршката за левата коалиција е 10,8 отсто.
За „Вазраждане“, кој е на петтото место, својот глас го дале 10,2 отсто од оние кои имаат право на глас.
7,4 отсто е поддршката за „Демократска Бугарија“ и остануваат на шестото место.
Последните, седмите, кои ќе имаат пратеници во следното Народно собрание се од „Има таков народ“. За нив гласале 4,6 проценти од гласачите.
На прагот да влезат во парламентот од „Бугарски подем“, формацијата на Стефан Јанев има точно 4 отсто поддршка.
„Стани Бугарија“ и ВМРО остануваат под линијата.
До 20 часот излезноста на изборите беше релативно слаба, само 36,6 отсто од Бугарите го искористија своето уставно право на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата

Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.