Регион
„Испратете го моето тело во Чачак, во Љубљана оставете го моето срце“: Бора Чорба преку песна ја изрази последната желба
Фронтменот на „Рибља чорба“ Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана како последица на тешко воспаление на белите дробови. Неколку дена бил на респиратор, а со години страдал од тешка болест.
Рокерот секогаш беше отворен и јавно зборуваше без да се воздржува на бројни теми. Како чачанец истакна дека и покрај повеќедецениската кариера бил нервозен кога настапувал во родниот град.
Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога добив признание за почесен граѓанин. Јас сум од Чачак и работам привремено некаде таму надвор, сите што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – зборуваше со шеговит тон за приказните дека заслужил една од улиците во неговиот роден град да го носи неговото име, тој рече:
„Обично тоа признание го даваат постхумно, а постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша и јас имам нешто слично во белградската зоолошка градина, таму има патека наречена сокакот на Бора“, рекол тогаш рокерот и додал:
„Голема е одговорноста да свирам во Чачак, во мојот град секогаш се чувствувам нервозен, дури и сега на оваа возраст“, објасни тој.
За време на еден концерт во Чачак, тој ја рецитираше песната „Две гитари“, која ја напиша со покојниот басист Миша Алексиќ, која со текстот ја расплака публиката, а како последна желба им ја остави во аманет на Чачанци.
Стиховите гласат:
„Испратете го моето тело во Чачак, во Србија, во Љубљана оставете го моето срце, нека биде таму. Не ги трошете парите, јас не сум толку важен лик“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.