Daily news
Истрага во Фондацијата на сопругата на српскиот претседател Томислав Николиќ
Инспектори на српското Министерство за внатрешни работи за економски криминал од минатата недела го проверуваат работењето на фондацијата на Драгана Николиќ, сопругата на актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, поради сомневање дека наместо на градилишта, пола милион евра завршиле во нечии џебови.
Според пишувањата на белградскиот весник „Блиц“, проверката следува по пријавата на еден изведувач дека му е барано да врати дел од парите во кеш, кој му е уплаќан на сметка за адаптација на еден објект.
Полицијата сега ги собира сите податоци за донациите, начинот на трошење на пари, како и склопувањето на договори за изградба на објекти и купување на опрема со средствата на Фондацијата.
Како што наведува весникот, се работи за голем износ на пари затоа што само за неколку години се собрале 10 милиони евра, а постои сомневање дека „по принципот поврзани лица, еден дел од парите завршувал во џебовите на блиските луѓе од фондацијата на семејството Николиќ“./крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
