Контакт

Македонија

Коѕијас бара прифаќање на еден од предлозите на Нимиц

Објавено пред

Грција ја поддржува потребата да се прифати едно од имињата што ги предложи медијаторот Метју Нимиц. Ова го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, за грчките медиуми, за време на средбите во Вашингтон.

„Не се согласуваме со петтото име од предлозите на Нимиц“, изјави Коѕијас, мислејќи на предлогот Република Македонија (Скопје) што претходно беше отфрлен од страна на Грција.

Со оваа изјава и Коѕијас индиректно го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“ за кој се заложи македонската Влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Град Скопје: Намалување на цената за закуп и бесплатни спортски сали за лица со посебни потреби

Објавено пред

Град Скопје предвидува измена и дополнување на одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, информираа оттаму.

„Преку дополнувањето на одлуката, се овозможува бесплатно користење на спортските сали на установите во сопственост на Градот, за лицата со посебни потреби кои учествуваат во спортски активности организирани од сојузи, здруженија на граѓани, организации или друг облик на здружувања. Клучниот услов за да се овозможи ова е правните субјекти преку своите проекти, програми, активности или манифестации да бидат дел од ‘Програмата за спорт и млади’ на Град Скопје.

Покрај дополнувањето на одлуката, Градот предвидува намалување на висината на почетната цена за закупнина на просторот што се дава во закуп со јавно наддавање. Наместо досегашните 0,5 % по м2 од вредноста на недвижната ствар, се предлага минималната цена да изнесува 0,3 % по м2 со што поевтинува услугата за закуп на недвижниот имот на Град Скопје за сите субјекти кои имаат потреба од нивно користење“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Целта на предвидените измени и дополнувања на одлуката, велат од Градот е да им се овозможи на лицата со посебни потреби полесна достапност на спортските сали за одржување на спортски активности, но и да се поттикне спортот и спортската рекреација кај овие граѓани.

„Финансиското олеснување кое се предвидува и за почетната цена на закупот има за цел да им заштеди од буџетите на корисниците, да предизвика зголемена заинтересираност на граѓаните за користење на недвижностите со кои располага Градот и доближување на институциите кои се под надлежност на Град Скопје до граѓаните. На овој начин се олеснуваат условите за користење на градските институции од граѓаните и истите се ставаат во функција на нивните потреби“, се додава во соопштението.

Од Град Скопје посочија дека измените и дополнувањата на одлуката ќе бидат предложени на следната седница на Советот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Објавено пред

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во врска со набавката на недозволените предмети кои викендов беа пронајдени во ќелијата на Јане Ченто, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.

Котевски за „Макфакс“ вели дека моментално се врши внатрешна истрага во затворот во Шуто Оризари со цел пронаоѓање на инволвираните кои му помогнале на Ченто да добие мобилен телефон, полнач, импровизиран кабел за полнење и останати недозволени предмети.

„Моментално немам одговор на тоа како Ченто ги внел недозволените работи во ќелијата, имаме внатрешна контрола, работиме на разрешување на случајот. Се надевам набрзо ќе се дознае, не се исклучува можноста вработените да бидат вмешани во ова“, вели Котевски.

„Макфакс“ стапи во контакт и со сестрата на Јане Ченто, која рече дека не знае многу за настанот, но пријатели кои имаат познаници во овој затвор ја информирале дека најверојатно некој од чуварите помогнал нејзиниот брат да го внесе мобилнот телефон.

Минатиот петок службените лица издале наредба Ченто да ги предаде недозволените предмети што  ги поседувал на што тој се спротивставил и пружил активен и насилен отпор. На ова службените лица, како што вели директорот Котевски, реагирале со зафат согласно со утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби, по што телефонот и останатите недозволени предмети му биле одземени. Ченто поминал без посериозни повреди, со црвенило на кожата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нимиц: Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот од договорот од Преспа 

Објавено пред

Метју Нимиц, специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името, во својата писмена изјава покрај честитката која ја упати до македонскиот Парламент за ратификацијата на договорот од Преспа, ја повика и Грција да го стори истото.

„Овој историски договор меѓу двета соседни земји ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во договорот од Преспа”, посочува Нимиц, додавајќи дека Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија48 минути

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски59 минути

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести2 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија2 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет3 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија3 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион4 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет5 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет5 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет7 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија20 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија22 часа

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија22 часа

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт23 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија1 ден

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Досие