Контакт

Регион

И натаму се зголемува бројот на жртвите од катастрофата во Грција

Објавено пред

Грчката пристанишна полиција објави дека по пожарот од 23 јули, кој избувна во приморски населби во близина на Атина, во морето пронашла уште две тела, со што бројот на жртвите се искачи на 93 лица.

Патролите продолжуваат со потрага по евентуални нови жртви, објави агенцијата „Франс прес“.

Повеќето од жртвите загинале во пожарот што се случи во близина на Атина и се верува дека бил подметнат, а некои се удавиле панично бегајќи во морето.

Властите објавија дека уништени се 1.046 куќи во областа во која се изградени 3.676 објекти.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вчера ја посети погодената област и ја презеде одговорноста за катастрофата, но не ги доведе во прашање управувањето и акцијата на спасувачките тимови, иако опозицијата и медиумите ги критикуваа недостатоците во координацијата меѓу службите.

Регион

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Грција

Објавено пред

Во Грција се потврдени 453 нови случаи на коронавирус, што е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата.

Најголем број нови случаи се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, а 174 нови случаи се потврдени во Атина и околината.

Вкупниот број заболени во Грција е 15.595, а досега од коронавирус починале 344 пациенти.

Прикажи повеќе...

Регион

Повеќе од 240 мигранти на Лезбос заболени од коронавирус

Објавено пред

Повеќе од 240 мигранти, кои престојуваат во привремената населба со шатори, која беше поставена минатата недела на грчкиот остров Лезбос, по пожарот во прифатниот центар во Морија, се заразени од коронавирус. Тестирани биле 7.000 лица.

Резултатите од тестовите на 120 полицајци и 40 вработени во кампот се негативни.

Во шаторите во новиот комплекс, за кои некои велат дека немаат кревети и основни санитарни услови, сега се сместени повеќето од 12.700 баратели на азил, кои останаа без покрив над главата по пожарот на 8 септември што го зафати кампот „Морија“.

Кога избегаа од кампот поради пожарот, мигрантите поминаа неколку дена надвор покрај патот, во напуштени згради, полиња, па дури и на гробишта. Има сомнеж дека пожарот го подметнале шестмина млади баратели на азил од Авганистан.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 230 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на коронавирус од 664 тестирани примероци, објави денес Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Како што се наведува, најголем број новозаразени има во Погорица (77) и Никшиќ (64).

Потврдени се два смртни случаја, а вкупниот број починати од коронавирус од почетокот на годината во Црна Гора е 138.

Во последните 24 часа пријавени се 157 излекувани.

Вкупниот број активни случаи на коронавирус во Црна Гора е 3.279, а од почетокот на годината регистрирани се вкупно 8.842 случаја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија12 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет12 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија13 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија14 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија14 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија15 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија16 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа18 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија18 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија18 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет20 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија20 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија2 дена

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион2 дена

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија2 дена

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие