Контакт

Регион

„Катимерини“: Рама го опиша убиениот Грк како луд човек

Објавено пред

Неколку часа откако Грк беше убиен во јужна Албанија за време на престрелка со албанската полиција, премиерот на Албанија, Еди Рама, долеа масло во огнот преку порака на Твитер опишувајќи ја жртвата како „луд човек“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во пораката, Рама вели дека полицијата само си ја вршела работата.

„Драги соседи. Во инцидентот животот го загуби луд човек, кој отвори оган врз полицијата што си ја вршеше работата. Да му заблагодариме на Господ што не загубивме невини луѓе поради екстремистичко лудило“, напишал Рама на социјалната мрежа.

Синоќа припадници на албанската полиција убија Грк недалеку од границата на двете држави, откако тој претходно отворил оган кон нив. Константинос Кацифас (35) со „калашников“ пукал кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, јавија албанските медиуми. Инцидентот се случил во моментот кога жителите на ова село, од кои мнозинството Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година. Откако пукал, Кацифас избегал во шумата во близина. Полицајците успеале да го стигнат по што почнала престрелката во која тој бил убиен.

Регион

Почна уште еден антивладин протест во Тирана

Објавено пред

Oбединетата опозиција на Албанија се собра денеска на уште еден антивладин протест барајќи заминување на премиерот Еди Рама и распишување на вонредни парламентарни избори, објавија албанските медиуми.

Протестот почна во 10:00 часот, со палење  свеќи и положување цвеќиња пред зградата на парламентот, а пораката од овој перформанс е дека парламентот е мртов.

Опозицијата ја обвини актуелната влада на Еди Рама за крадење изборни гласови, но исто така и за корупција и врски со организираниот криминал.

Опозицијата, исто така, повикува на распишување вонредни парламентарни избори.

Седницата на парламентот што требаше да се одржи денес е откажана.

Зградата на парламентот е опкружена со бодликава жица, а околу зградата се распоредени безбедносни сили.

Како што се наведува, околу зградата на парламентот и на улиците на Тирана, има повеќе од 1.500 припадници на полицајата, специјалните сили и гардата.

На антивладините протести одржани минатиот четврток дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, па во пресрет на денешниот протест апел за воздржаност упатија албанскиот претседател, Илир Мета, и Амбасадата на САД во Тирана.

Прикажи повеќе...

Регион

Српската премиерка Ана Брнабиќ доби син

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, докторката Милица Ѓуриќ, станаа родители. Милица вчера роди син, објавија српските медиуми.

Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, бебето се вика Игор и заедно со мајката се во добра здравствена состојба.

Брнабиќ и Ѓуриќ се заедно повеќе од десет години.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Објавено пред

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија11 час

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија11 час

(Видео) Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио...

Македонија12 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија14 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија15 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија16 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ16 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија16 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток17 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија18 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ18 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ20 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток20 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија20 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток20 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија21 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Досие