Контакт

Регион

Кај Морача се создаде 15-километарска колона поради сообраќајна несреќа

Објавено пред

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 7 часот утрово кај кањонот Морача, на магистралниот пат Колашин – Подгорица, јавува „Вјести“.

Сообраќајот е блокиран со часови и создадена е колона во должина од 15 километри.

До несреќата дошло на местото Дромира, а увидот е во тек.

„Ало“ наведе дека во несреќата учествувале два патнични автомобили и камион.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Објавено пред

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната нето плата во мај.

Просечната нето плата во јуни во јавниот сектор е 1.306 евра (во јавниот сектор 1,315,64 евра) и за 289,88 евра (22,19 проценти) поголема од платата на приватниот сектор што во јуни изнесуваше 1.016,92 евра.

Платите во јавниот сектор се зголемија за 4,5 проценти и за 3,3 проценти во приватниот сектор.

Словенија има највисока просечна плата помеѓу земјите во регионот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција продолжува да депортира бегалци и мигранти

Објавено пред

Грција соопшти дека ќе продолжи со депортирање на мигранти во Турција за да се избори со зголемениот прилив поради кој дошло до пополнување на капацитетите во мигрантските кампови на островите.

Министерот за миграција, Јоргос Комустакос, изјави дека 15 азиланти чиишто барања се одбиени ќе бидат вратени во Турција од еден грчки остров, но не соопшти повеќе детали, пренесе АП.

Тој рече дека 75.000 мигранти во Грција ги чекаат одлуките по повод барањата за азил, а дополнително чекаат и 9.000 мигранти чиишто барања се одбиени, но имаат поднесено жалби.

Според неговите зборови, на грчките острови на кои во моментов престојуваат мигранти, има три пати повеќе луѓе од она што е предвидено.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција уапсен маж поради убиство на соседите

Објавено пред

Полицијата во северниот дел на  Грција денес уапси маж (42), осомничен за убиство на двајца соседи по расправија за паркирање.

Тоа се случи во градот Крисополис, недалеку од Кавала, приближно 180 километри источно од Солун, пренесува АП.

Се тврди дека убиецот и неговиот сосед биле во лоши односи веќе подолго време поради кавгата за тоа каде, сега веќе убиениот, ќе го паркира својот камион.

Расправија меѓу соседите избувнала кога сега веќе убиениот сосед го паркирал камионот во близина на куќата на осомничениот по што со пушка ги убил соседот и неговата 67-годишна мајка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија3 часа

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија4 часа

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Свет5 часа

Северна Кореја лансираше две ракети

Северна Кореја лансираше денеска две балистички ракети до краток домет во морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска. „Нашата војска...

Македонија5 часа

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Македонија6 часа

До вторник во попладневните часови ќе врне дожд

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови...

Свет19 часа

Домородец од Амазонија: Ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам шумата

Додека пожарите беснеат во Амазонија, припадниците на бразилското племе Мура ветија дека ќе се борат за својата земја. Најголемата шума...

Македонија22 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија1 ден

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија1 ден

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија1 ден

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет1 ден

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија1 ден

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион1 ден

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет1 ден

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет1 ден

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија2 дена

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија2 дена

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа2 дена

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Досие